Скицата од „Витрувиевиот човек“ на iStock нема никаква поврзаност со сатанисти

Фото: скриншот од дел од објавата

iStock е онлајн меѓународен провајдер за микро фотографии со седиште во Калгари, Алберта, Канада, основан од Брус Ливингстон на 14 мај 2000 година. Фирмата нема никаква врска со сатанисти. iStock соработува со повеќе од 300 илјади соработници низ целиот свет, од кои илјадници се ексклузивни и креираат контент само за оваа платформа.

iStock е онлајн меѓународен провајдер за микро фотографии со седиште во Калгари, Алберта, Канада, основан од Брус Ливингстон на 14 мај 2000 година. Фирмата нема никаква врска со сатанисти. iStock има повеќе од 300 илјади соработници низ целиот свет, од кои илјадници се ексклузивни и креираат содржини само за оваа платформа

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Тредс, во која пишува:

Сатанистите повторно користат нешто од Леонардо да Винчи. Цццц. Ајде Опус Деи сега одма ќе активира некој да бара азил во Русија.

Во склоп на објавата се споделува скеч/фотографија од Витрувиевиот човек, цртеж од италијанскиот ренесансен уметник Леонардо да Винчи, кој потекнува од 1490 година. Цртежот е инспириран од пишувањата на античкиот римски архитект Витрувиј, а на него е претставен гол човек во две позиции со раздвоени раце и нозе и вметнат и во  круг и во квадрат. Цртежот е еден од најиконските во западната цивилизација и ги претставува концептите на Леонардо да Винчи за идеалните човечки пропорции. Сликата и текстот многу често се нарекуваат „Канон за пропорциите“ или „човечки пропорции“ и се засноваат на трудот на прочуениот римски архитект и писател Витрувиј.

Според древниот римски архитект Витрувиј, четири прсти се еднакви на една дланка, четири дланки се еднакви на една стапка, шест дланки образуваат еден лакт, четири лакта се еден човечки раст, широчината на раширените раце е еднаква на височината на човекот, растојанието од врвот на косата до долниот крај на брадата е еднакво на една десетина од човечкиот раст, растојанието од долниот крај на брадата до темето е еднакво на една осмина од растот, максималната ширина на рамениците е еднаква на една четвртина од растот, растојанието од лактот до крајот на дланката е еднакво на една петтина од човековиот раст, растојанието од лактот до аголот на подпазувите е една осмина од растот, должината на дланката е една десетина од растот, растојанието од долниот крај на брадата до носот е една третина од должината на лицето, растојанието од врвот на косата до веѓите е една третина од должината на лицето и должината на увото е еднаква на една третина од лицето.

Леонардо да Винчи сосема точно го насликал она што Витрувиј го навел во делото De Architectura. Папокот најнормално се наоѓа во центарот на човековото тело и ако човек лежи на грб со растегнати раце и нозе, од неговиот папок како центар, може да се опише кружница која ќе ги допира врвовите на прстите на рацете и нозете. Човечкото тело може да се впише не само во круг, туку и во квадрат.

Скицата може да се најде на бројни страници каде се продаваат фотографии. На пример, на Алами, на Гети имиџис, но и на други сервиси за продажба на визуелни елементи на интернет. Скицата е стара, од 1490 година и станува збор за многу позната скица, позната ширум целиот свет. Во објавата што ја рецензираме, на сликата се гледа дека таа е споделена со логото на Istock.

iStock е онлајн меѓународен провајдер за визуелни елементи со седиште во Калгари, Алберта, Канада, основан од Брус Ливингстон на 14 мај 2000 година. Фирмата нема никаква врска со сатанисти. iStock има повеќе од 300 илјади соработници низ целиот свет, од кои илјадници се ексклузивни и креираат контент само за оваа платформа. Фотографите соработници прикачуваат 3 до 6 едноставни фотографии, илустрации или видеа на апликацијата Contributor by Getty Images  која е достапна на App Store и Google Play. Потоа тие прикачени содржини се прегледуваат и ако се успешни, тогаш апликантите се поканети да станат соработници.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е вистина оти скицата од Витрувијанскиот човек на iStock е поврзана со сатанисти.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција