Со стара фотошопирана фотографија врската меѓу Трудо и Макрон се прикажува како романтична

Фото: Принтскрин ФБ пост

Сервисот за проверка на факти на германската новинска агенција ДПА, уште пред две години оцени дека фотографијата е фотошопирана. Изворот на фотошопираната фотографија се чини дека е овој профил на Tumblr, кој ја објавил истата на интернет на 9 јули 2017 година. Хаштаговите „фан уметност“ и „алтернативна реалност“ потврдуваат дека ова не е вистинска фотографија

Сервисот за проверка на факти на германската новинска агенција ДПА, уште пред две години оцени дека фотографијата е фотошопирана. Изворот на фотошопираната фотографија се чини дека е овој профил на Tumblr, кој ја објавил истата на интернет на 9 јули 2017 година. Хаштаговите „фан уметност“ и „алтернативна реалност“ потврдуваат дека ова не е вистинска фотографија

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија на која наводно канадскиот премиер Џастин Трудо и францускиот претседател Емануел Макрон се во многу близок однос, односно се гледаат вљубено очи в очи.

LJUBVIIIII !!! AH BE PERHAN, CRPKO, BUGAR OSMANI…. KOLKU LI SAMO VE PERKAAA…. VIE SI IMIT NA UM I STE OSETILE UT POSADI….. ILI???, стои во објавата.

Фотографијата не е нова и анализа на истата пред две години има направено сервисот за проверка на факти на германската новинска агенција ДПА.

Во 2017 година, интернетот накратко полуде поради „броманијата“ меѓу францускиот претседател Макрон и канадскиот премиер Џастин Трудо. Фотографиите од двајцата лидери за време на самитот на Г7 во Сицилија беа дел од тоа лудило, пишува ДПА.

Има повеќе од доволно фотографии на кои може да се види дека Трудо и Макрон комуницирале многу пријателски еден со друг. Такви, на пример, се овие две фотографии кои се автентични и се направени на 16 мај 2019 година и на 7 јуни 2019 година во Елисејската палата во Париз.

Но, фотографијата на која и двајцата лидери се гледаат очи во очи допирајќи си ги главите, на која се чини дека меѓу нив има повеќе од пријателски однос и која е споделена во објавата која ја анализираме,  не е автентична. Таа е фотошопирана, пишува ДПА во својата проверка на факти.

Секој што повнимателно ќе ја разгледа фотографијата ќе забележи дека линијата помеѓу косата на Макрон и Трудо е неприродна и дека челото на Макрон изгледа вдлабнато. Растението кое е во преден план е јасно исечено од оваа фотографија на Макрон и Трудо на Сицилија, наведува ДПА.

Љубовниот изглед на Трудо не е резервиран ниту за Макрон, туку бил за неговата сопруга Софи Грегоар во 2016 година. Сенката на неговото лице, неговата коса и наборите на кошулата се поклопуваат од фотографијата во која ДПА имала увид, но во меѓувреме истата не е достапна на линкот.

Изворот на фотошопираната фотографија се чини дека е овој профил на Tumblr, кој ја објавил истата на интернет на 9 јули 2017 година. Хаштаговите „фан уметност“ и „алтернативна реалност“ потврдуваат дека ова не е вистинска фотографија.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата е невистинита.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција