Илија Јованоски

Илија Јованоски е градоначалник на Општина Прилеп

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Илија Јованоски е роден на 28 мај 1956 година во Прилеп.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Јованоски е примариус доктор специјалист ортопед.

 

КАРИЕРА

Од 2006 година до доаѓањето на градоначалничката функција (октомври 2017) бил шеф на ортопедска амбуланта и кабинет за ехосонографија

Во перидот 2002 – 2006 година  бил раководител на Ортопедско трауматолошко одделение.

Од 1995 до 1998 година бил заменик директор на ЈЗУ Медицински центар Прилеп.

Јованоски бил претседател на Здружение по општа медицина и стоматологија на Прилеп, Македонски брод и Крушево во периодот од 1992 до 2001 г.

Од 2003 до 2011 г. бил потпретседател на МЛД (Македонско лекарско друштво), а во периодот 2004 – 2007 г.  бил потпреседател на Македонска асоцијација на ортопеди и трауматолози (МАДОТ)

Тој  е член на ИСАКОС, меѓународно здружение на артроскопија и спортска медицина (2009) и на Друштвото за наука и уметност Прилеп (2008).

Од 2013 до 2017 г. бил на координатор на советничката група на СДСМ во Општина Прилеп.

На  локалните избори во октомври 2017 година  е избран за градоначалник на Општина Прилеп.

ИЗВОРИ

Веб-страница на Општина Прилеп:  Градоначалник

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција