Владимир Талески

 

Актер и градоначалник на општина Битола во три последователни мандати од 2005 година. Еден од често споменуваните во „бомбите“. СЈО побара притвор за него поради случајот „Транспортер“, во кој е осомничен.

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Владимир Талески е роден на 7 март 1959 година во Кичево. Женет е за Светлана, со која ги добил ќерките Марија и Александра.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Основно и средно образование има завршено во Битола, Република Македонија.

Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје на отсекот Психологија во 1977 година.

Во 1983 дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Во 2000 година специјализирал театарска режија на Националната академија за театарска и филмска уметност во Софија, Бугарија.

Ги познава англискиот, српско-хрватскиот и бугарскиот јазик.

 

КАРИЕРА

Од своето дипломирање во 1983 па сѐ до избирањето за градоначалник на Битола во 2005 година, работел како актер во Битолскиот народен театар каде работел насловни и главни улоги во дела од најголеми светски автори како и дела од домашни автори како што се Шекспир, Софокле, Горан Стефановски, Антон Панов, Јордан Плевнеш и многу други.

 

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

Од 2005-та година ја извршува функцијата Градоначалник на Општина Битола, веќе трет мандат последователно.

 

Бомбите

Владимир Талевски е најмногу споменувано име од редот на градоначалници во Македонија во опозициските „бомби“. Од прислушкуваните разговори има индиции за негова инкриминираност и злоупотреба на службената положба.

Во април 2016 година, Специјалното јавно обвинителство (СЈО) отвори предмет „Транспортер“ во кој го сомничи Талески и вработени во општината за криминал со организирање превоз на ученици од основни и средни училишта во Битола за 10 пати повисока цена од реалната. СЈО проценило дека Талески го оштетил буџетот на општината за 360.000 евра и побарало мерка притвор за градоначалникот.

Судија на претходна постапка во јуни 2016 година определи 30-дневен куќен притвор за Талески, во кој Талески се наоѓа од 20 јуни 2016 година. Тој поднесе жалба на изречената мерка.

 

ИЗВОРИ

vladimirtaleski.mk: Биографија

Орбис: Куќниот притвор на Талески во рацете на скопска Апелација (22 јуни 2016)

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција