Yearly Archives

2024

Не е точно дека ХИВ не е изолиран

Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме ХИВ вирусот е изолиран на 20 мај 1983 година од страна на вирусолози од Институтот Пастер. Опсервацијата направена со микроскоп потоа е потврдена со публикација во научното списание Сајнс,…

ЕУ не препорачува да се уништи земјоделството

Европската Комисија веќе почна петгодишен систем за поддршка на земјоделците во форма на нова политика „Заедничка земјоделска политика”. Алоцирани се 300 милијарди евра во финансирање, вклучително со силни намери да им се помогне на…

Еди Рама не ги критикувал САД, изјавата е извадена од контекст

Се работи за тенденциозно монтирање на снимката од заедничка прес-конференција на американскиот секретар за надворешни работи Блинкен и албанскиот премиер Рама, при што биле отсечени зборовите кои ѝ претходеле на изјавата. Официјалниот…

Наплив на дезинформации потпалува анти-ЕУ сентимент во С. Македонија

Фрустрациите заради застојот во евроинтеграцискиот процес се гориво со кое се распалува анти-ЕУ сентиментот во државата. Дезинформации и напади врз високи политички претставници, институции има не само во Украина, туку и во повеќе други…

Не е точно дека Грузија ќе отвора амбасада во Москва

Вистиномер не успеа да најде ниту една официјална информација дека Грузија ќе ги обнови дипломатските односи со Русија и ќе отвори амбасада во Москва. Такво нешто нема на официјалните Икс профили на партијата Грузиски сон и на грузиската…

„Not a living soul“ – лингвистичка и политичка манипулација од руската кујна

Објава на Фејсбук шири невистина дека во англискиот јазик нема еквивалент за рускиот израз „ни души“, односно за нашиот „ни жива душа“, па Англичаните и Американците за тоа го користат само зборот „nobody“, што е наводно доказ дека тие се…

Вакцината против сипаници не е обид за убиство

Пред да има вакцина против сипаници, смртноста била огромна, а лек немало наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме. Токму програмите за имунизација се оние што ги имаат искоренето сипаниците и тоа го тврди Светската Здравствена…

Со стара фотошопирана фотографија врската меѓу Трудо и Макрон се прикажува како романтична

Сервисот за проверка на факти на германската новинска агенција ДПА, уште пред две години оцени дека фотографијата е фотошопирана. Изворот на фотошопираната фотографија се чини дека е овој профил на Tumblr, кој ја објавил истата на интернет…

Оваа фотографија е од филм од 1973 година, а не е „артефакт пронајден во Саудиска Арабија“

Тврдењето дека фотографијата покажува „историски артефакт пронајден во пустина во Саудиска Арабија“ е невистинито. фотографијата е преземена од сцена од филм. Станува збор за кадар од филмот „Егзорцист“ од 1973 година, режиран од Вилијам…

Видеото од руската фрегата во Куба е снимено пред пет години

Во деновите пред пристигнувањето на руските воени бродови, на интернет кружеа слики и видеа, кои наводно го покажуваат пристигнувањето на фрегатата „Адмирал Горшков“ во пристаништето во Хавана. Таков е и случајот во објавата што ја…

Видеото од тоа како Холанѓанецот го каснала змија во Охрид е сатирично

Вистиномер го побара видеото на Гугл и откривме дека тоа кружи на Интернет од 2020 година.  На Јутјуб исто така било објавено на 5 мај 2020 година. Не е познато каде е направено видеото, но тоа е доста вирално и споделувано последниве…

Мигрантите не се мнозинство во Лондон, Брисел и Амстердам

Наспроти изнесеното во говорот на холандската коментаторка, Ева Влардингербрук, одржан на конференција на конзервативци, официјалните податоци покажуваат дека процентот на мигранти кои живеат во Лондон, Брисел, Амстердам, Ротердам и Хаг е…

Кирк Даглас не делел помош во Егејска Македонија во Грчката граѓанска војна

Повеќе објави на Фејсбук споделуваат фотографија, на која познатиот холивудски актер Кирк Даглас им дели хуманитарна помош на деца во некое село, што го опишуваат како фотографирано во Егејска Македонија во текот на Граѓанската војна во…

Какви дезинформации се ширеа во пресрет на изборите во ЕУ?

Дезинформациите предизвикаат големи негативни последици фалсификувајќи ги перцепциите на многу луѓе. Во последните месеци пред изборите, беше откриен растечкиот притисок на дезинформациите на многу различни теми - од војната во Украина до…

За една година – 234 претставки за хакирани профили или уцени преку социјални мрежи

Агенцијата за заштита на лични податоци лани примила претставки од граѓани кои се однесуваат на лажни профили, за хакирани профили, неовластено објавување на туѓи фотографии и видео снимки на туѓи профили на социјални медиуми, како и…

Со изменето видео се тврди дека Бајден се обидел да седне на невидливо столче

Американскиот претседател не се обидел да седне на невидливо столче, туку станува збор за манипулирано видео, кое е скратено и изменето за да делува како Бајден да се обидел да седне во празно. Снимките од церемонијата го покажуваат…

ЕУ се темели на принципи кои се фундаментално спротивни на фашизмот

Европската Унија се темели на принципи кои се целосно спротивни од оние на фашизмот. Таа е политичка и економска унија од 27 земји-членки кои се фундаментално демократски и се придржуваат до принципите на либерална демократија, човекови…