АНАЛИЗА: Се стега кредитниот ремен, каматата надмина 5 отсто

Фото: pixabay.com

Кредитите и дефинитивно значајно поскапеа. Ако 2022 година започна со камата од 4,3 отсто, во оваа нова банкарска година каматата на вкупните кредити достигна 5 отсто, а новоодобрените дури се и со повисока камата. Високите камати веќе се одразија врз кредитирањето и има забавено темпо во првиот квартал од оваа година. Кај граѓаните најголем дел од долгот кон банките е на основа на потрошувачки и на станбени кредити, пишува Порталб.мк

Кредитите и дефинитивно значајно поскапеа. Ако 2022 година започна со камата од 4,3 отсто, во оваа нова банкарска година каматата на вкупните кредити достигна 5 отсто, а новоодобрените дури се и со повисока камата. Високите камати веќе се одразија врз кредитирањето и има забавено темпо во првиот квартал од оваа година. Кај граѓаните најголем дел од долгот кон банките е на основа на потрошувачки и на станбени кредити, пишува Порталб.мк

 

 

Граѓаните и фирмите со зголеменa внимателност за кредитна задолженост

Банкарската 2023 година започна со зголемени камати за кредити – стапки кои беа присутни пред неколку години. Каматата на вкупните кредити во февруари достигна 5 отсто, додека на новоодобрените 5,2 отсто. За разлика од лани, овие камати се значајно повисоки.

Растот на каматите веќе се одрази врз кредитирањето. На крајот од првиот банкарски квартал од оваа година, вкупните кредити на месечно ниво се зголемиле за само 0,7 отсто а на годишно ниво за 6,6 отсто, стапки кои се најниски од почетокот на 2022 година. Овие податоци покажуваат дека и фирмите и граѓаните воздржано се изложуваат на нови кредитни заеми. Конкретно на крајот од март, на месечно ниво, кредитната задолженост на фирмите се зголемила за само 0,5 отсто, а на граѓаните за 0,8 отсто.

 

 

Конкретно, на крајот од првиот економски квартал корпоративниот сектор во банките за кредити должел скоро 3,3 милијарди евра, а домаќинствата 3,5 милијарди евра. Дел од банкарите потврдуваат дека зголемените камати на кредитите влијаат врз побарувачката, а со почетокот на оваа година, воздржаноста од нови кредитни заеми е поизразена кај компаниите. поради значајно зголемените камати, но и поради неизвесното економско опкружување.

 

Во февруари, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, забележа месечно зголемување од 0,03 п.п. и изнесува 5,22 отсто, соопшти НБРСМ.

Поскапи се и новоодобрените кредити за граѓаните.

Во февруари, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата изнесува 5,18 отсто и бележи месечно зголемување од 0,37 п.п., појаснува Народната банка.

Кај граѓаните, најголем дел од долгот кон банките е за потрошувачки и станбени кредити. Во март, на месечно ниво кај станбените кредити е забележана стапка на раст од 0,8 отсто, што е најниска од почетокот на 2022 г.одина и која укажува на забавена побарувачка на станбени кредити.

На основа на потрошувачки кредити, граѓаните должат 1,8 милијарди евра, долгот за станбени кредити изнесува 1,2 милијарди евра, а кредитнтаа задолженост преку кредитни картички на крајот од март изнесувала нешто над 164 милиони евра.

Народната банка неколкукратно ја зголеми основната камата, како мерка за зауздување и амортизирање на инфлацијата, поради што и банките ги зголемија каматите. Затегнатата монетарна политика рефлектира забавено кредитирање, кое пак се одразува и врз економскиот раст. На крајот од март вкупните сомнителни и спорни побарувања (нефункционални кредити) изнесувале 142 милиони евра, што е раст во однос на истиот период лани, кога биле на ниво од 134,5 милиони евра.

Додека се зголемуваат каматите на кредитите, растат и каматите за штедењето. На крајот од февруари каматата на вкупните депозити по подолг временски период достигна 1 осто, а на новопримените депозити 1,71 отсто.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција