И мерките за заштита од птичји грип во Велика Британија, ставени во „барабанот“ конспирации за СЕФ

Фото:-Rita-👩‍🍳 und 📷 mit ❤ auf Pixabay

Не е вистина изнесеното во објавата дека Светскиот економски форум ,,повторно се измислува птичји грип”. Ваквата теорија на заговор се пласира во услови кога СЗО предупредува дека ширењето на птичјиот грип е глобална грижа. Конспиративната констатација го содржи и тврдењето дека законот стапува во сила на 1 септември 2024 година, а вистината е дека тој стапува на сила од тој датум само во Шкотска, а во Велс и Англија стапува на сила еден месец подоцна, од 1 октомври. Казната од 5 илјади фунти или 6 месеци затвор  не се изрекува по автоматизам за сите што нема да регистрираат птици, туку висината на казната ќе биде одредена во зависност од тоа колкави се штетите од таквиот потег

Не е вистина изнесеното во објавата дека од Светскиот економски форум (СЕФ) ,,повторно се измислува птичји грип”. Ваквата теорија на заговор се пласира во услови кога СЗО предупредува дека ширењето на птичјиот грип е глобална грижа. Конспиративната констатација го содржи и тврдењето дека законот стапува во сила на 1 септември 2024 година, а вистината е дека тој стапува на сила од тој датум само во Шкотска, а во Велс и Англија стапува на сила еден месец подоцна, од 1 октомври. Казната од 5 илјади фунти или 6 месеци затвор  не се изрекува по автоматизам за сите што нема да регистрираат птици, туку висината на казната ќе биде одредена во зависност од тоа колкави се штетите од таквиот потег

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Директно од Светскиот економски форум WEF доаѓа ова зло. 6 месеци затвор или 5000 фунти казна за секој што нема да се регистрира дека чува макар и една кокошка во Британија. Законот стартува од 1 Септември 2024. 
Дојде ред повторно да измислат птичји грип.

Не е вистина изнесеното во објавата дека Светскиот економски форум (СЕФ) „повторно се измислува птичји грип”. Ваквата теорија на заговор е пласирана во објавата во услови кога Светската здравствена организација предупредува дека ширењето на птичјиот грип е глобална грижа. Конспиративната констатација го содржи и тврдењето дека законот стапува во сила на 1 септември 2024 година, а вистината е дека тој стапува на сила од тој датум само во Шкотска, а во Велс и Англија стапува на сила еден месец подоцна, од 1 октомври.

Мерките за заштита од птичји грип немаат никаква врска со СЕФ. Владата на Велика Британија детално образложува зошто се одлучува на мерката за регистрација на птиците кои се чуваат во домашни услови (со исклучоци). Мерката е заштитна, а не злонамерна и никако не е поради измислување болест (птичји грип), туку поради негова превенција и подготовка за справување со евентуални идни ширења на болеста. Со мерките се заштитува секторот за живина од идни ширења на птичји грип, а со промените во законот се наложува сите што чуваат живина без разлика на бројката, официјално да ги регистрираат птиците. Досега ваквото правило важеше само за тие со над 50 птици, што според владата на Велика Британија, ја ограничуваше ефективноста на националните мерки за контрола на болести.

Со регистрација на птиците, оние што ги чуваат ќе осигурат дека ќе добијат важни информации релевантни за нив, за сите локални ширења на птичјиот грип, како и информации за правилата за биосигурност за да ја заштитат својата живина. Регистрацијата ќе помогне да се менаџираат потенцијални ширења на болест, како птичји грип и да се ограничи ширењето. Овие правила стапуваат на сила после најлошото ширење на птичји грип во Велика Британија, со повеќе од 360 случаи од крајот на октомври 2021 година, вклучително и случаи во мали групи живина, пишува на владиниот сајт.

Дополнително, СЗО предупреди дека птичјиот грип се шири и на цицачи, вклучително и на луѓе! Некои од нив завршуваат фатално.

Промените во Велика Британија за регистрација на живината се неопходен чекор за да се заштити здравјето на птиците и на јавноста од идни ризици од птичји грип. Се соочивме со предизвици за време на претходните ширења и овој пристап ќе ни помогне да сме подобро подготвени и заштитени од идна пандемија, изјави Шила Воас од Шкотска.

Оние кои чуваат живина ќе треба да дадат нивни контакт информации, локацијата каде ги чуваат птиците и детали за птиците, вид, број и за која намена се чуваат.

Новите правила ги опфаќаат сопствениците што чуваат кокошки во дворовите, птиците грабливки и љубителите на гулаби, но не ги засегаат птиците во кафез што се чуваат целосно во домашно живеалиште, како што се папагал, канаринец или брановиден папагал, кој никогаш не го напушта имотот.

Сопствениците ќе треба да ги обновуваат информациите секоја година. Исто така, Телеграф наведува дека сопствениците што нема да ги регистрираат своите птици, се соочуваат со максимална казна од 5 илјади фунти, или пак, 6 месеци затвор, ама тоа зависи од предизвиканата штета од нивната постапка. Значи, не е дека секој автоматски ќе ја добие истата казна, како што е тоа наведено во објавата што ја рецензираме.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е вистина оти птичјиот грип ќе биде измислуван од некого (ова е теорија на заговор), ниту пак, дека казната од 5 илјади фунти или 6 месеци затвор е за сите што нема да регистрираат птици, туку висината на казната ќе биде одредена во зависност од тоа колкави се штетите од таквиот потег. Дополнително, ваквите мерки се со цел подобра контрола и заштита од идни ширења на птичји грип, а не за да се предизвика некакво зло, како што се наведува во објавата што ја рецензираме.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција