Оваа фотографија е од филм од 1973 година, а не е „артефакт пронајден во Саудиска Арабија“

Фото: скриншот

Тврдењето дека фотографијата покажува „историски артефакт пронајден во пустина во Саудиска Арабија“ е невистинито. фотографијата е преземена од сцена од филм. Станува збор за кадар од филмот „Егзорцист“ од 1973 година, режиран од Вилијам Фридкин

 

Тврдењето дека фотографијата покажува „историски артефакт пронајден во пустина во Саудиска Арабија“ е невистинито. фотографијата е преземена од сцена од филм. Станува збор за кадар од филмот „Егзорцист“ од 1973 година, режиран од Вилијам Фридкин

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Статуа на Алах. Археолозите пронајдоа артефакти некаде во пустината во Саудиска Арабија, статуа изградена помегу 6/7 век, која одговара на описот на Алах во Куранот и хадисот како што зборува и опишува Куранот. Сепак знаеме дека ова е пагански Бог на муслиманите, кои бил обожуван од страна на соседните земји околу Израел, на Арапите Амалекците, Филистејците и други народи.

Како што пишуваат проверувачите на факти на Анадолу агенцијата, фотографијата прво почнала да циркулира на социјалната мрежа Икс, проследена со тврдења дека покажува „историски артефакт пронајден од археолози во Саудиска Арабија“ што предизвика мноштво контроверзи меѓу корисниците.

Како резултат на нашето истражување, откривме дека фотографијата е преземена од сцена од филм. Станува збор за кадар од филмот „Егзорцист“ од 1973 година, режиран од Вилијам Фридкин. Сцената може да се види на 9 минута и 52 секунда од филмот, пишуваат проверувачите на факти на Анадолу.

Дополнително, како што утврдиле проверувачите на факти на Анадолу, фотографијата од сцената во филмот била графички изменета во објавата што ја рецензираме.

Следствено, тврдењето дека фотографијата покажува „историски артефакт пронајден во пустина во Саудиска Арабија“ е невистинито. Објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

Забележливо е дека како што муслиманите ширум светот се подготвуваат за хаџ, на социјалните мрежи може да се забележат и други фотографии кои лажно тврдат дека „претставуваат статуа на Алах“. Исламот забранува такво претставување. Историски гледано, доминантните форми во исламското сликарство биле геометриските, вртливите обрасци или калиграфијата – наместо фигуративното сликарство.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција