Миле Јанакиески

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Миле Јанакиески е роден во Прилеп, на 18 септември 1978 година. Оженет е со Сања Јанакиеска и е татко на три деца.

Пред аферата „Космос“ бил и куќен пријател со Фијат Цаноски.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Основно и средно образование завршил во Прилеп. Дипломирал менаџмент и бизнис админстрација на Американски колеџ во Солун во 2001 година.

Според тоа што го изнесе Фијат Цаноски во интервју за „Фактор“ на 28 февруари 2015 година, Јанакиески бил запишан на пост-дипломски студии на универзитетот ФОН, кој е сопственост на семејството Цаноски, но не знае дали го завршил.

Од странските јазици Миле Јанакиески говори грчки и англиски јазик.

 

КАРИЕРА

Јанакиески до изборот за министер бил генерален директор на ЈП Водовод и канализација-Скопје од август 2005 година.

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

Од 2001 до 2004 година извршувал функции на сектори во Министерството за финансии, каде што од ноември 2001 до ноември 2002 година бил советник, а потоа и шеф на Кабинетот на министерот за финансии.

Јанакиески бил шеф на Кабинет на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од октомври 2004 до август 2005 година, а моментно е член на Централниот комитет на партијата.

На 13 мај 2015 година поднесе неотповиклива оставка од функцијата министер за транспорт.

 

Бомбите

Миле Јанакиески е еден од најекспонираните гласови во прислушкуваните разговори. Има индикации дека тој од позиција на Министер за транспорт и врски, злоупотребувајќи ја функцијата, извршувал многубројни криминални дела, дека бил дел злосторничко здружување во предметот со кодно име „Титаник“ покренато од СЈО. СЈО го сомничи и во случајот „ТНТ“, за уривањето на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.

Миле Јанакиески е рекордер по поединечни решенија за помилување и аболиција од претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. За него се потпишани 16 решенија за аболиција и помилување. Тие беа поништени на 6 јуни 2016 од страна на претседателот Иванов.

 

ИЗВОРИ

Фактор: ИНТЕРВЈУ ФИЈАТ ЦАНОСКИ: Јанакиески ми беше куќен пријател, а со Груевски ми нанесоа огромно зло! (28 февруари 2015)

Фокус: Миле Јанакиески си поднесе оставка од функцијата министер за транспорт и врски (12 мај 2015)

Фактор: Миле Јанакиески доби син (26 мај 2016)

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција