Трајче Димитриев

Трајче Димитриев е актуелен градоначалник на општина Демир Капија. Претходно таа функција ја извршувал во три мандата – 0д 1996 до 2005 година во два последователни мандата, како и од 2009 година до 2013 година, по што е реизбран за градоначалник.

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Трајче Димитриев е роден во Скопје, на 13 септември 1957 година.

Оженет е и татко е на две деца.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Дипломирал на Економскиот факултет за национално и светско стопанство во Софија.

 

КАРИЕРА

Работел во ЈПССДП, во „Циглана“- Неготино, потоа во периодот 1982-1990 година работел како комерцијалист во Фабриката за кабли – Неготино.

Потоа отворил сопствена фирма – „КОРАЛ”.

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

Бил избран за градоначалник на општина Демир Капија во два мандата од 1996 до 2005 година, потоа на изборите во 2009 година а  на изборите во 2013 година, по четврти пат жителите на општина Демир Капија му ја даваат довербата за градоначалничката функција во општината.

 

ИЗВОРИ

Веб-сајт на ЗЕЛС – Гласило април 2013

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција