#Одговорност е јавната администрација да не се третира како гласачка машина

 

 

Дел од „Бомбите“ го открија тоа што многумина го знаеја: голем дел од администрацијата, што од послушност, што од немај-каде, од пусти страв да не остане „ без парчето леб“, гласа онака како што ќе наложи партијата на власт. Небаре сме во времето на еднопартизмот.

Само за илустрација, во 7-та „бомба“ во разговори на ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески со претседателката на Советот на Скопје, Ирена Мишева и други соговорници, слушаме наредби од типот: „…кај сите учителки завртете, кол центарот, со следнава насока: Ви благодариме што излеговте на гласање. Ве молиме за конечна победа на ВМРО-ДПМНЕ во Центар да обезбедите уште еден глас за ВМРО-ДПМНЕ.

Во аудиоснимките од овој сет прислушувани разговори, се слуша и како Мишева го известува Јанакиески, за тоа каков е резултатот од притисокот врз вработените во јавната администрација да го дадат гласот за ВМРО-ДПМНЕ:ЈСП ви пуштивме, Градски паркинг е комплет, Водовод, Универзална сала ви е комплет пуштена, ДКЦ ви е комплет, Музеј на Град Скопје комплет, средни училишта Слушаме и дека во времето на ексградоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ во училиштата и градинките во општина Центар има речиси 100 вработени по партиска линија…

До кое дереџе е дојдена Македонија знае и ЕУ. Па така, во Извештајот на Европската комисија за Македонија за 2015 година слушаме дека земјата во текот на оваа година треба да се справи со сериозната загриженост за политизацијата на јавната служба и да обезбеди целосно спроведување на начелата на отчетност, транспарентност и заслуги.

Но, да не одиме понатаму во објаснување за нешто што во Македонија веќе и врапците го знаат. Тоа дека коалицијата на власт интензивно вработувала и вработува луѓе за да ѝ служат неа наместо на народот, кој ги плаќа.

Одговорност е кога административците платени од народот му служат на народот, а не на власта!

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција