#Одговорност е да нема диви депонии

 

 

На дел од незаградената површина која порано беше база на „Комунална хигиена – Скопје“ во населбата Дуќанџик, веднаш до улицата на која има многу куќи, и после акциите од кампањата „Македонија без отпад 2016“ има дива депонија, на која е натрупан шут, разни крупни предмети, но и ситен отпад од домаќинства и работилници. Така некој „го решил“ својот проблем, не само нарушувајќи го амбиентот, туку и предизвикувајќи директна опасност за жителите од вдишување прашина, која содржи и многу токсични материи од пластиката што се разградува.

Диви депонии честопати никнуваат и на зафрлени места, главно покрај патишта, оти на тие што нелегално исфрлаат шут или отпад од најразличен вид така им е најлесно – брзо да истоварат и да избегаат, намалувајќи ги шансите да бидат фатени на дело.

Проблемот на дивите депонии во Македонија се провлекува со децении, а неговото решавање најчесто е стихијно  и најчесто се сведува на акции кои ги отпочнуваат граѓанските здруженија. Така на пример, минатиот месец се спроведоа акции иницирани од „Ајде Македонија“. Инаку, сличин вакви граѓански иницијативи досега имало повеќе пати, но по правило секогаш откако ќе се исчисти некоја дива депонија, никнува нова на друга блиска локација или дури и на истото место.

Проблемот очигледно е во отсустувото на сериозна  и вистинска  институционална реакција, вклучително и  во недоволниот инспекциски надзор за да се фатат и казнат прекршителите, велат упатените. Но, за тоа е потребна свест кај власта на локално и централно ниво, односно одговорно владеење.

  1. Одговорните граѓани и одговорната власт внимаваат на заштитата на животната средина
  2. Со дивите депонии се делува стихијно, а иницијативата е најчесто на граѓанскиот сектор
  3. Неопходна е сериозна и вистинска институционална реакција и засилен инспекциски надзор

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција