Што ја намалува сиромаштијата?

Според државниот Завод за статистика, стапката на сиромаштија во 2015 година пред исплаќање на пензиите изнесувала 40,5%, додека по исплата на пензиите таа се намалува на 24,8%. За разлика од ефективноста на пензиите, останатите социјални трансфери (во кои влегува и социјалната парична помош) во многу мал обем ја амортизираат сиромаштијата, односно за само дополнителни 3,3 процентни поени, коментираат социолозите.

 

Според државниот Завод за статистика, стапката на сиромаштија во 2015 година пред исплаќање на пензиите изнесувала 40,5%, додека по исплата на пензиите таа се намалува на 24,8%. За разлика од ефективноста на пензиите, останатите социјални трансфери (во кои влегува и социјалната парична помош) во многу мал обем ја амортизираат сиромаштијата, односно за само дополнителни 3,3 процентни поени, коментираат социолозите.

 

Неделна економска анализа на „Порталб“

Пишува: Анета Додевска
Дури 9% од вработените живеат во ризик од сиромаштија, а алармантна е состојбата кај семејствата со повеќе од две деца. Најновите статистички податоци покажуваат дека во 2015 година во однос на 2014 година сиромашнијата се намалила за 0,6 процентни поени или во апсолутни бројки, лани бројот на граѓани што живеат во сиромаштија се намалил за 14.000. Стапката на сиромаштија кај домаќинства на двајца возрасни со три и повеќе издржувани деца е 52,2 отсто, а во 2014 година била 51,1 %. Што ја намали сиромаштијата и колку помогнаа владините мерки за помош за ранливите категории домаќинства?

 

ДРЖАВНИ СУБВЕНЦИИ ЗА РАНЛИВИТЕ – КОЛКУ ПОМОГНАА?

Во најголем ризик од сиромаштија живеат семејствата што примаат социјална парична помош од државата. Иако овие трансфери од буџетот ја амортизираат тешката финансиска состојба на оваа категорија на домаќинства, сепак, тие и натаму се под најголем ризик, оценуваат дел од социолозите. Според државниот Завод за статистика, стапката на сиромаштија во 2015 година пред исплаќање на пензиите изнесувала 40,5%, додека по исплата на пензиите таа се намалува на 24,8%. За разлика од ефективноста на пензиите, останатите социјални трансфери (во кои влегува и социјалната парична помош) во многу мал обем ја амортизираат сиромаштијата, односно за само дополнителни 3,3 процентни поени, коментираат социолозите.

Малото влијание на социјалната парична помош (СПП) врз намалувањето на сиромаштијата се должи на неколку причини, меѓу кои: нејзиниот низок износ, критериумите за стекнување со право на социјална парична помош, но и дестимулациските елементи доколку невработените лица се стекнат со повремен приход. Нискиот износ на социјалната парична помош е особено проблематичен кај домаќинствата со повеќе од три деца, бидејќи социјалната парична помош не се зголемува доколку има повеќе од пет члена во семеството.

Истражувањето кое го спроведовме во 2012 година на репрезентативен примерок од 1.600 домаќинства покажа дека според видот на приходи во домаќинствата, во најголем ризик од сиромаштија живеат семејствата кои се корисници на СПП, односно 90,6%. Исто така дестимулациските ефекти на СПП во однос на дополнителни приходи кои ги исклучуваат корисниците од системот на социјална заштита прави нивна долгорочна зависност и непроодност од системот на социјална заштита кон пазарот на труд, вели за Portalb.mk универзитетскиот професор Маја Геровска – Митев.

Во изминатиот период Владата неколкукратно ја зголеми висината на социјалната помош, преку различни мерки за вработување ги таргетираше најранливите категории на граѓани, а воведе и државен надоместок за трето дет,е со цел да ги стимулира многудетните семејства. Токму овој вид на домаќинства со повеќе од две деца се во групата под ризик од сиромаштија.

Според неодамнешното истражување што го направи ЗИП Институт, а во организација на „Finance- think“  ефектот од мерката за додаток за трето дете не кореспондира со поставената цел.

Од 2011 год. до 2014 стапката на природен прираст е помала дури и од 2006 год. кога била 1,9. Ваквите индикатори упатуваат на фактот дека ефектот од мерката не кореспондира со поставената цел, односно зголемениот број на третородени деца не е доволен да го надомести недостатокот на првородени и второродени деца во вкупниот број на живородени деца, се наведува во истражувањето.

Според последните објавени податоци, лани стапката на сиромаштија кај многудетните семејства изнесувала 52,2 отсто и во однос на претходните две години таа бележи раст. Така, во 2014 годинасиромаштијата кај семејствата со три или повеќе деца изнесувала 51,1% а во 2013 година 49,9%.

Објаснување за оваа состојба може да се согледа од повеќе аспекти. Пред сè може да се констатира дека постои неискористувањето на официјалните статистички податоци и репрезентативни истражувања во РМ во процесот на креирањето на јавните политики. Доколку таква спрега постоше, тогаш креаторите на актуелната популациона политика требало да согледаат дека во РМ имањето на три и повеќе деца претставува ризик за сиромаштија. Овој ризик е особено нагласен кај одреден тип на домаќинства како ромските семејства, семејства од руралните средини и сл. Од друга страна, буџетските пари кои поттикнуваат ваков вид семејства не се насочени кон социјално ранливите домаќинства, туку кон сите домаќинства. Доколку постоше горен праг за висината на приходи на домаќинства кои се пријавуваат за родителскиот надоместок за трето дете (како што постои на пр. за СПП), тогаш можеби влијанието на овој надоместок ќе имаше поголема улога врз намалувањето на енормно високата стапка на сиромаштија кај домаќинствата со три и повеќе деца. Родителскиот надоместок за трето дете влече повеќе пари од буџетот отколку сите други парични надоместоци од системот на социјална заштита, со што може да се констатира дека во моментот социјалните трансфери не се насочени кон најранливите категории на население. Во држава со двоцифрена стапка на сиромаштија и невработеност, социјалната ранливост треба да биде врвен приоритет во исплата на социјалните трансфери“ – вели за Portalb.mk професорката Митев.

Заклучно со 2015 година, во земјава имало 20.581 родители – корисници на родителскиот додаток за трето дете, и овој број во однос на 2009 година се зголемил за 18.683 нови корисници.

Според аналитичарите, статистички сиромаштијата се намалува, но истата е сè уште висока и треба да претставува постојан поттик за превземање мерки за нејзино намалување.

Може да се констатира дека врз намалувањето на сиромаштијата влијаат неколку фактори. Пред сè начинот на кој се мери сиромаштијата во РМ од 2010 година е тема која треба повеќе да се дискутира од страна на стручната јавност и секако од страна на креаторите на јавните политики. Нејзиното мерење врз основа на приходи во општество во кое реалното пријавување на висината на приходите е проблематично, е доволна причина за загриженост дали овие податоци ја изразуваат реалната ситуација, смета професорката Митев и објаснува дека во земјава има неусогласенот меѓу различни јавни политики, односно постоење дури и контрадикторни мерки за нејзино сузбивање.

Според податоците од државната статистика, во 2011 година беше измерена стапка на сиромаштија од 26,8%, и во годините што следуваат таа се намалува, па така во 2012 година изнесуваше 26,2%, во 2013 година 24,2% а во 2014 се намали на 22,1%.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција