ЦИВИЛ бара заштита на децата од пропагандата: Политичката злоупотреба да престане веднаш!

„Политичките партии и нивните поддржувачи мораат да дадат придонес за заштита на децата, а не за нивна злоупотреба“

 

Не смее да се дозволи децата да бидат жртви на политиката и странските злонамерни пропагандни операции. Политичките партии и нивните поддржувачи мораат да дадат придонес за заштита на децата, а не за нивна злоупотреба, потсетуваат од ЦИВИЛ и бараат од институциите да се санкционираат оние кои ги вовлекуваат децата во политиката на кој било начин.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ констатирал голем број случаи на злоупотреба на деца и малолетници, како во изборен контекст, така и за ширење етничка и верска омраза, но и за ширење на руска злонамерна пропаганда.

Оттаму нагласуваат дека политичката злоупотреба на децата е забранета со закон.

ЦИВИЛ бара од политичките партии, родителите, медиумите и институциите да ги ослободат децата и малолетниците од своите политички амбиции бидејќи со тоа ги кршат законот и сите етички норми.

„Не смее да се дозволи децата да бидат жртви на политиката и странските злонамерни пропагандни операции! Политичките партии и нивните поддржувачи мораат да дадат придонес за заштита на децата, а не за нивна злоупотреба. Државата и институциите имаат обврска на децата да им овозможат физички, ментален, духовен, морален и социјален развој, здрав и нормален начин на живот во услови на слобода и достоинство“, се во соопштението на ЦИВИЛ.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција