„Транспортер“ – Превоз на ученици поскап од оној во Токио

Според СЈО, градоначалникот Талески во договор со директорите на основните училишта и повеќе превозници го оштетиле буџетот во износ од 360.000 евра. Фото: Мета

На 14.04.2016 година Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на прес-конференција објави дека води нова истрага под кодно име „Транспортер“, која се однесува на превозот на ученици во Општина Битола, а во која еден од осомничените е битолскиот градоначалник Владимир Талески

 

 

На 14.04.2016 година Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на прес-конференција објави дека води нова истрага под кодно име „Транспортер“, која се однесува на превозот на ученици во Општина Битола, а во која еден од осомничените е битолскиот градоначалник Владимир Талески

 

Според истрагата, градоначалникот Талески во договор со директорите на основните училишта и повеќе превозници го оштетиле буџетот во износ од 360.000 евра за само две учебни години.

Обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи соопшти дека предметот е преземен од Основното јавно обвинителство – Битола и дека од прибраниот доказен материјал СЈО има сериозни уверувања дека Општина Битола преку нејзиниот градоначалник веројатно плаќал поскап превоз од оној од Токио.

Денеска, ќе ја имате можноста изворно да се запознаете со веројатно најскапиот превоз за ученици во светот, кој го плаќал градот на конзулите од средства од Буџетот на Република Македонија, се разбира надвор од сите законски норми.

Всушност, предметот беше преземен од Основното јавно обвинителство Битола, кое исто така имаше отпочнато предистражна постапка и тоа обвинителство веќе имаше издадено наредба за економско вештачење за испитување на работата на општината во спроведувањето на јавни набавки за превозот на ученици.

Токму од вештиот наод на бирото за судски вештачења, како и од останатиот прибран доказен материјал обвинителството стекна сериозно уверување, се разбира во оваа фаза на ниво на основано сомнение дека општина Битола преку нејзиниот, сега веќе помилуван „градски татко“,  веројатно плаќала поскап превоз за ученици во светот и од градоначалникот на Токио, со директни штетни финансиски последици врз Буџетот на Република Македонија, а со тоа несомнено врз сите граѓани на оваа држава.

Имено, постои основано сомнение дека градоначалникот на Општина Битола и Претседателот на комисијата за јавни набавки на Општината, формирана од Градоначалникот, во договор со директорите на основните и средните училишта во Битола и одговорните лица на превозниците  ,,„Хера-Турс“ „Транскоп“ АД, „Џем Турс“,  „Боби Турс“, „Џими турс“, „Д и А  Хера транс“, „Лука експрес“, „Марија транс“, „Турист превоз“, „Хера превоз Новка“ и „Гопеш транс“, нанеле вкупна штета на средствата од Буџетот на Република Македонија во износ од 22.024.891,00 денар или околу 360.000 евра, за само две учебни години.

Целата прес-конференција можете да ја видите тука, а извештаите на медиумите поврзани за овој настан можете да ги прочитате на овој линк.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција