„Тенк“ – Истрага за купувањето на Мерцедесот за Премиерот

Краток е патот од Мерцедес до „Тенк“

Станува збор за истрага за начинот на кој е купено возилото за потребите на премиерот Никола Груевски од страна на МВР. Станува збор за Мерцедес, вреден над 600 илјади евра

 

 

Станува збор за истрага за начинот на кој е купено возилото за потребите на премиерот Никола Груевски од страна на МВР. Станува збор за Мерцедес, вреден над 600 илјади евра

 

24.01.2017 – Во оваа своја истрага СЈО се сомнева дека постоеле незаконитости при јавната набавка на скапоцено блиндирано возило од страна на МВР, а наменето за Премиерот Никола Груевски, кои биле изведени од лица од МВР, а во кои е инволвиран и првиот човек на Министерството.

Истрагата се сомнева дека првоосмничената го поттикнала второосомничениот, исто така од МВР, да ги прекрши прописите за јавната набавка, да фаворизира економски оператор (увозник и дистрибутер на возилата Мерцедес) и на тој начин да „му се исполни желбата на премиерот“.

Во врска со оваа истрага од СЈО посочуваат:

Во конкретниот случај постои основано сомнение дека со цел да ја исполнат желбата на тогашниот премиер за набавка на специјален тип на патничко моторно возило, првоосомничената го поттикнала второосомничениот да ја искористи својата службена положба и овластувања и при вршење на јавни набавки, незаконски да повласти – фаворизира определен економскиот оператор и да се набави возило од тој тип.

…Постои основано сомнение дека второосомничениот во постапка по јавни набавки иако бил свесен за незаконското привилегирање на определен економски оператор, сепак донел одлука за избор на најповолна понуда и склучил договор за јавна набавка на возило на износ од 29.852.542 денари и ДДВ во износ од 5.373.458 денари или околу 572.780 евра.

 

Детали за истрагата „Тенк“ можете да прочитате тука

Деталите од реакциите во медиумите можете да ги најдете тука

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција