Насилството пред Општина Центар – второ обвинение, прво за Груевски

Насилства во Општина Цента

Инцидентите пред Општина Центар во 2013 година, по истрагата на СЈО прерасна во oбвинение за 14 лица за кривично дело насилство, а првообвинет е екс премиерот Никола Груевски

 

 

Инцидентите пред Општина Центар во 2013 година, по истрагата на СЈО прерасна во oбвинение за 14 лица за кривично дело насилство, а првообвинет е екс премиерот Никола Груевски

 

15.09.2016 – Во вториот обвинителен акт што го покрена СЈО во средината на септември 2016 година, се презентираат докази од кои СЈО верува дека произлегува вина за 14 лица кои се товарат за насилствата пред Општина Центар, откако на изборите во 2013 година неколку месеци пред тоа победи кандидатот на опозицијата Андреј Жерновски.

При процедура за менување или поништување на делови од веќе донесен Детален урбанистички план, пред општината „се случува народ“, по што доаѓа до уривање на дел од оградата на Општината, кршење на прозорците и полесни повреди врз некои од советниците.

Истрагата на СЈО за овој предмет кој претходно го водеше ОЈО, а кој исто така произлегува од снимените телефонски разговори, покажала дека собирањето на народот воопшто не било случајно, туку организирано и поттикнато директно од Никола Груевски, тогашен премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, кој му давал упатства на второобвинетиот, тогашен министер за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, како да се изведе целата акција. Еве што наведе обинителката Фатиме Фетаи во образложението:

Од доказниот материјал произлезе дека во месец јуни 2013 година, првообвинетиот, со умисла побарал, а второбвинетиот беспоговорно прифатил и преку трето, четврто и петтобвинетиот, го поттикнал дел од членството на партијата, да во група од повеќе лица извршат грубо насилство спрема градоначалникот на општина Центар и спрема советниците од советничката група на општина Центар, но од спротивната политичка опција.
Анализите кои ги направи ова јавно обвинителство на доказите кои беа собрани, упатуваат на тоа дека мотивите на првообвинетиот за ваквото барање се чисто лукративни, заради опстојување на бизнис интересите на партискиот врв и нивните блиски бизнис партнери. Впрочем, во доказниот материјал од наша страна е доставен и уште еден разговор помеѓу еден поранешен висок носител на извршната власт, опфатен и во обвинението и познат македонски бизнисмен. Тој разговор е само една мала потврда за напред наведените мотиви. Наведената телефонска комуникација е случена на ден 13.10.2013 година во 22 часот, 02 минути и 49 секунда со времетраење од 56 секунди.

 

Деталите од презентацијата на обвинителниот акт можете да ги прочитате тука

Деталите за тоа како дел од медиумите пишуваа за ова обвинение, видете ги тука

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција