Сè уште не е расчистена дивата депонија во ромската населба во Тетово

Фото: Порталб

 

Ветување: Расчистување на дивата депонија на улицата „Дервиш Цара” во Тетово

[Извор: Интервју на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи за „Порталб“ и „Вистиномер“  , Датум: 25.05.2018]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Во интервју за „Вистиномер“ и „Порталб“ ,на. 25.05.2018 година  градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи вети дека ќе се расчисти дивата депонија на улицата „Дервиш Цара”, само 700 метри оддалечена од објектот на Општината. Ова нејзино ветување досега (14.12.2018) не е исполнето.

Во споменатото интервју, прашана за оваа дива депонија во коритото на тетовската река Пена, градоначалничката на Тетово Арифи вети дека депонијата ќе се исчисти и притоа додаде :

Како што веќе знаете, сме работеле и продолжуваме да работиме да ги елиминираме сите места кои може да бидат потенцијални диви депонии. Расчистувањето е нормален работна активност на комуналното претпријатие.

Во изминатиот период граѓаните во овој дел на градот се жалеа дека надлежните не преземаат ништо за расчистување на депонијата, ниту пак, за спречување на оние кои таму фрлаат отпадоци. Освен тоа, во оваа дива депонија отпадоците се запалуваат  што влијае на загадувањето на градот, особено во овој период од годината кога загадувањето е на високо ниво.

При проверка на веб-страницата на Општина Тетово не најдовме  некоја понова информација за тоа дека во блиска иднина ќе се расчисти оваа дива депонија. Таква информација нема ниту на Фејсбук -страницата на градоначалничката Арифи.

Неодамна  (02.12.2018 г.), прашани во врска со овој проблем од Општина Тетово за „Порталб“, изјавија:

Расчистувањето на реката Пена (Шкумбин) започна во вториот дел на ноември, почнувајќи од горниот дел продолжувајќи во долниот дел на истата. Отпадоците што се фрлени во реката ќе се исчистат во моментот кога ќе се расчисти реката во овој дел. Освен ова, Општина Тетово има и посебен проект за расчистување и подобрување на коритото на реката Пена во овој дел,  што се очекува да започне во 2019 година.

Па, имајќи предвид дека според ветувањето на Арифи (дадено во мај оваа година  во интервјуто за „Порталб“ и „Вистиномер“), оваа депонија веќе требаше да биде расчистена, но досега (14.12.2018) тоа не се случи, ова ветување на градоначалничката на Тетово го оценуваме како неисполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Дрилон Салиу

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција