Фактоје: Рама со неточни податоци за бројот на тестови за Ковид 19 во регионот

Албанскиот сервис за проверка на факти „Фактоје” провери изјава на премиерот на Албанија, Еди Рама во врска со бројот на Ковид 19 тестови во регионот. Пред неколку дена Рама ги објави бројките за тестови на балканските земји за Ковид 19, а кои се однесуваа за 17 март. Но, „Фактоје“ направи верификација за секоја држава и процени дека податоците објавени од овие држави не се совпаѓаат со тие што ги објави премиерот на Албанија,Рама. Односно, сите балкански држави (кои ги споменува Рама) извршија повеќе тестови од оние објавени од албанскиот премиер.

Имено, според „Фактоје“, Рама за Хрватка напишал дека се направени 880 тестови, а според податоците  што ги обезбеди Фактоје имало 1014, во Србија, направени се 374, а не 316, во Босна 353, а не 257, додека во Косово, 284, а не 272 колку што објави Рама.

Во прилог во може да се види табелата објавена од Рама (што ја подготви  „Фактоје”), а сите податоци за извршените тестови на горенаведените држави може да се видат во оваа проверка на Фактоје.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција