Британскиот вицепремиер со песна се извини за неисполнетите ветувања

Лидерот на британските либералдемократи, Ник Клег стана интернет-хит откако на Јутјуб се појави спот во кој тој со музика се извинува за неисполнетите политички ветувања. Спотот им бил даден со согласност на самиот Клег, пишува британскиот таблоид „Дејли стар“.

Вицепремиерот деновиве јавно се извинил што дал ветување, а не бил сигурен во можноста за негово исполнување, а станува збор за предизборните изјави дека ако дојде на власт, нема да дозволи пораст на цените за школарина.

Како уште еден начин да ја пренесе пораката, Клег дал дозвола сатирична верзија на неговото извинување во вид на песна  направена од веб-сајтот www.thepoke.co.uk да биде објавена и на iTunes како сингл. Заработката од продажбата оди како донација за  детската болница во Шефилд.

Извор: ПлусИнфо

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција