А1 не прави распродажба на Самсунг телефони за 123 денари

Телекомуникацискиот оператор А1 не нуди распродажба на најновиот модел на Самсунг телефон. Од компанијата споделија известување во коешто предупредуваат дека нивниот бренд се злоупотребува. На официјалната веб-страница на А1 Македонија може да се види дека Самсунг телефоните С24 Ултра се продават за 76.499 денари. Нема никаква логика еден од најновите и најскапите телефони да се продава за само 123 денари

Телекомуникацискиот оператор А1 не нуди распродажба на најновиот модел на Самсунг телефон. Од компанијата споделија известување во коешто предупредуваат дека нивниот бренд се злоупотребува. На официјалната веб-страница на А1 Македонија може да се види дека Самсунг телефоните С24 Ултра се продават за 76.499 денари. Нема никаква логика еден од најновите и најскапите телефони да се продава за само 123 денари

 

Рецензираме објава на Фејсбук која споделува лажна наградна игра и во која е злоупотребен брендот на телекомуникацискиот оператор А1.
Во објавата стои:

Ве​ по​кан​ува​ме ​на ​зат​вор​ена​ ра​спр​ода​жба​ од​ A1​!
Д​оби​јте​ Sa​msu​ng ​S24​ Ul​tra​ за​ са​мо ​123​ де​нар​и!

Фејсбук објавата ве насочува да кликнете на копчето „Apply now“ за наводно да учествувате во големата распродажба. Кога ќе кликнете на ова копче, рекламата ве пренасочува на веб-страница на којашто на полски јазик е напишан подолг текст со наслов „Веганска диета – важни работи кои што треба да ги знаете“. Текстот нема апсолутно никаква поврзаност ниту со А1 ниту со распродажба на телефони ниту со Македонија.

Оттука станува јасно дека се работи за лажно пренасочување кон некоја веб-страницаа, а не за наградна игра, односно промоција за добивање на мобилен телефон за 123 денари. Станува збор за измамнички начин на којшто се манипулираат граѓаните да посетат веб-страница, без притоа да им биде испорачан никаков телефон.

Самата Фејсбук страница од каде што е споделена објавата e новокреирана, има само 14 следачи и нема други содржини освен неколку слични објави за лажната распродажба (тука и тука).

За да се влијае дополнително на размислувањето и одлучувањето на корисниците на Фејсбук, во коментарите под објавата, најверојатно од бот профили, се споделуваат наводни позитивни искуства од учеството во распродажбата:

Акцијата предизвика сомнежи, па одлучив да се јавам во А1, кои потврдија дека таква акција навистина постои за корисниците на Facebook. Затоа, со сигурност кажувам на сите, тоа е вистина. Не се плашете да ги оставите вашите пријави!

Колку само се изненадивме дека компанијата дури ја презеде и доставата на себе. А ние сме многу среќни!.

Но и овие коментари, исто како и самата распродажба, се невистинити. Оставени се само за да создадат привид на веродостојност, за оние корисници на Фејсбук кои ќе се посомневаат во содржината на објавата да бидат убедени дека станува збор за „легитимна“ и валидна понуда.

Ова не е официјалната страница на А1 Македонија туку е наменски креирана страница со цел да се измамат корисниците, при што е злоупотребен брендот, логото и телефоните на операторот А1.
Официјалната страница на А1 Македонија на Фејсбук има 319 илјади следбеници и воопшто нема ваква објава за „распродажба“. Напротив, од компанијата пред неколку дена споделија известување во кое што предупредуваат дека нивниот бренд се злоупотребува.

Ве известуваме дека на социјалните мрежи се појавува лажна страна под името А1 Македонија, каде се објавуваат непостоечки и невалидни понуди со нереални цени, злоупотребувајќи го корпоративниот идентитет на А1 Македонија. Ве повикуваме да бидете крајно внимателни со ваков облик на измама и да не ги оставате Вашите лични податоци кои можат да бидат злоупотребени и да Ви нанесат финансиска штета. Ова е единствената и официјална страна на А1 Македонија на Facebook, каде што ги објавуваме нашите понуди и известувања.

Впрочем, мобилниот телефон што се нуди лажно на распродажба, на вистинската страница на А1 се продава по цена од 76.499 денари. Нема никаква логика еден од најновите и најскапите телефони да се продава за 123 денари.

Корисниците на Фејсбук треба да бидат особено внимателни и да не оставаат свои банкарски и лични податоци за да учествуваат во наградни игри и распродажби. Доколку некоја цена изгледа премногу неверојатна за да биде вистинита, тогаш е сосема извесно дека се работи за измама.

Вистиномер интензивно разоткрива дезинформации и измамнички постови каде се користи нереалната цена од стотина денари за различни промоции, на бела техника, електроника, апарати за домаќинство, мебел и слични производи, а во кои се злоупотребени имињата на етаблирани брендови.

Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција