Алжирската боксерка Имане Келиф, не е биолошки маж

Фото: Принтскрин видео Јутјуб

Станува збор за биолошка жена, која победи во мечот против Италијанката Ангела Карини после само 46 секунди. Имане Келиф е родена како жена, е жена и останува да биде жена. Промена на полот во Алжир е забранета

Станува збор за биолошка жена, која победи во мечот против Италијанката Ангела Карини после само 46 секунди. Имане Келиф е родена како жена, е жена и останува да биде жена. Промена на полот во Алжир е забранета

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Ебати Олимпијадата кога биолошки маж боксува против жена. Следно е можеби бокс меѓу 12 годишно дете и 30 годишен маж.

Натпреварувачката во бокс на Олимписките игри Имане Келиф од Алжир, не е биолошки маж. Станува збор за биолошка жена, која победи во мечот против Италијанката Ангела Карини после само 46 секунди. Имане Келиф е родена како жена, е жена и останува да биде жена. Промена на полот во Алжир е забранета.

Сепак, учеството на натпреварувачката од Алжир стана предмет на поделба, а кон тоа придонесе фактот што Италијанката не ѝ честиташе за што подоцна се извини.

Почувствував голема болка во носот и со боксерската зрелост, си реков, дека е доволно бидејќи не сакав и не можев да го завршам мечот, изјави Карини.

Келиф е една од двете спортистки коишто влегоа да се натпреваруваат во женски бокс во Париз, и покрај тоа што беа дисквалификувани на минатогодишниот светски женски шампионат, поради тоа што не успеале да ги исполнат критериумите, пишува Би Би Си.

Келиф отсекогаш се натпреварувала во женска категорија и е признаена од Интернаационалниот олимписки комитет како жена спортистка.

Боксерката од Алжир е родена како жена, регистрирана е како  жена, го живее својот  живот како жена, боксува како жена, има пасош на жена, изјави портпаролот на Интернационалниот олимписки комитет Марк Адамс во петокот.

Келиф, како што пишуваат проверувачите на факти на Ју Ес Еј Тудеј, се натпреварувала во 2021 година во Токио, но не освоила медал.

Келиф е жена, која не е трансродова, ниту, пак, се идентификува како интерсекс. Таа има разлики во развојот, односно состојба наречена DSD којашто не е исто со тоа да се биде трансродово лице. DSD (Differences in sex development ) е сет на ретки состојби, кои вклучуваат гени, хормони и репродуктивни органи кои може да предизвикаат сексуалниот развој на личноста да е различен отколку кај другите. Понекогаш ова може да води кон тоа лицата да имаат XY хромозоми, но да се развијат како жена, пишуваат проверувачите на факти на Ју Ес Еј Тудеј.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина – не е точно дека Имане Келиф е биолошки маж.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција