АНАЛИЗА: 2021 – година на ценовно „цунами“ кое ќе ја зафати и следната година!

Фото: portalb.mk

Поскапи основни прехранбени производи, метали, горива – цените растат со поголемо темпо од прогнозите, а најновите оцени упатуваат на тоа дека ценовното цунами ќе ја зафати и 2022 година, пишува „Порталб“. Според најновите ревидирани прогнози на НБМ годинава инфлацијата ќе достигне 3,1 отсто. Во меѓувреме – сите податоци мерат раст на цените за крајните потрошувачи преку раст на продажните цени на производителите

Поскапи основни прехранбени производи, метали, горива – цените растат со поголемо темпо од прогнозите, а најновите оцени упатуваат на тоа дека ценовното цунами ќе ја зафати и 2022 година, пишува Порталб“. Според најновите ревидирани прогнози на НБМ годинава инфлацијата ќе достигне 3,1 отсто. Во меѓувреме – сите податоци мерат раст на цените за крајните потрошувачи преку раст на продажните цени на производителите

 

Речиси во сите индустрии ценовен раст на продажните цени на производите

За дури 13,8 отсто во септември во однос на истиот месец лани, се зголемени продажните цени на призводителите од индустријата. Овој пораст веќе се рефлектираше и во секојдневието на граѓаните – трошоците на живот во октомври во споредба со истиот месец лани се зголемени за 4,1 отсто.

Речиси во сите индустрии има пораст на продажните цени на призводителите – најмногу во енергетскиот сектор. Така, продажните цени од индустријата со електрична енергија, гас, климатизација се зголемени за 24,5 отсто.

                           Продажни цени на производителите

  • Енергија, гас, климатизација                           24,5 отсто
  • Рударство                                                           14,6 отсто
  • Преработувачка индустрија                             13,0 отсто

Продажните цени значајно се зголемени во прехранбената индустрија за 5,3 отсто, производство на кожа за 4,8 отсто, производство на хемиски производи 10,4 отсто . Драматичен раст на продажните цени за цели 55,2 отсто има во индустријата за производство на метали, а во ек на енергетска криза продажните цени во секторот вадење јаглен и лигнит се со раст од 13,8 отсто.

Овие показатали во индустриите веќе се одразија и за крајните потрошувачи – вградени во крајните производи. Во октомври годинава во споредба со истиот месец лани – трошоците на живот за транспорт се зголемени за дури 18,4 отсто, за храна и безалкохолни пијалаци за 4,6 отсто, за масла и масти 24,9 отсто, за горива 31,9 отсто, гас 33,3 отсто. Според официјалната статистика – зголемени трошоци има речиси за се што значи „основна“ живејачка – леб, масло за јадење, зеленчук, бензин, гас, транспорт.

                                     Трошоци на живот

Течни горива                                             31,9 отсто

Гас                                                               33,3 отсто

Масла и масти                                           24,9 отсто 

Храна и безалкохолни пијалаци              4,6 отсто

Транспорт                                                   18,4 отсто

 

Раст на цените и на почетокот од 2022 година 

Оваа 2021завршува со ценовно цунами – надлежните тврдат дека состојбата се следи и дека сè уште инфлацијата е умерена. Во последната ревидирана прогноза, НБМ ја зголеми инфлацијата на ниво од 3,1 отсто за годинава, а за следната очекува намалување на 2,4 отсто.

Ризиците за инфлацијата главно се поврзани со неизвесноста за светските цени на примарните производи, а пред сѐ на енергенсите, како и со подолготрајни нарушувањата на глобалните синџири на снабдување коишто ја ограничуваат понудата на стоки, што упатува на потреба од будно следење– нотираат од НБМ.

Гувернерката Анита Бежоска соопшти дека нема да се преземат инстант мерки, бидејќи ценовната табилност се „брани“ со историско највисоко ниво на девизни резерви од 3,6 милијарди евра. Сепак, анализите укажуваат на тоа дека годинашниот тренд на ценовен раст ќе се прелее и во 2022 година.

Тековно се очекува значително поголем раст на цените на прехранбените производи за оваа година, додека за следната година се очекува умерен раст, наместо мал пад на цената на пченицата и малку помал пад на цената на пченката. За цените на металите за 2022 година се предвидува нивен раст, наспроти претходно очекуваниот мал пад. И понатаму се очекува значителен раст на цената на нафтата во 2021 година, но посилен од проектираниот во април и мал раст, наместо пад, во 2022 година. Нагорната ревизија е одраз на зголемената глобална побарувачка, при намалена понуда,се наведува во најновиот Квартален извештај на НБМ.

„Порталб“ во повеќе наврати анализираше дека годинава се соочуваме со раст на цените кои влијаат на „топење“ на животниот стандард, пренесувајќи изјави на експерти, но и на узвоници кои алармираа дека уште во текот на летото се соочуваа со значително зголемени цени на увозните производи, на репроматеријалите за производство, на горивата – што предизвика раст и на крајните цени за потрошувачите.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција