Белите траги од авионите не се отровни и не предизвикуваат болести

Фото: Ericve Pixabay

Најновите истражувања покажуваат дека дождовната вода не е безбедна за консумирање, но тоа не се должи на фактот дека некој намерно го прави тоа за да ја труе почвата и луѓето прскајќи од авионите, како што се алудира во објавата. Овие траги од авиони кои сите ги гледаме на небото, не се резултат на некоја скриена агенда за запрашување на населението и природата со отрови и тие не предизвикуваат болести. Всушност, тоа се патеки од кондензација кои се нарекуваат контрејлс – долги линии кои се формираат кога водената пареа произведена на големи височини од моторите на авионот, се замрзнува додека се ослободува во студениот воздух

Најновите истражувања покажуваат дека дождовната вода не е безбедна за консумирање, но тоа не се должи на фактот дека некој намерно го прави тоа за да ја труе почвата и луѓето прскајќи од авионите, како што се алудира во објавата. Овие траги од авиони кои сите ги гледаме на небото, не се резултат на некоја скриена агенда за запрашување на населението и природата со отрови и тие не предизвикуваат болести. Всушност, тоа се патеки од кондензација кои се нарекуваат контрејлс – долги линии кои се формираат кога водената пареа произведена на големи височини од моторите на авионот, се замрзнува додека се ослободува во студениот воздух

 

 

На Фејсбук објава споделени се фотографии од небото на кое има бели траги од авиони и се тврди дека овие траги се отровни и предизвикуваат болести. Ова не е вистина.

Deneska mnogu se vredni…..nemoj da se cudite ako ste bolni i ako vrni…otrovite mora sto pobrzo da stignat do pocvata i do lugeto!

Фејсбук објавата тврди дека белите линии на небoто се „отрови“ кои со дождот побрзо стигнуваат до почвата и до луѓето. Невистинито се констатира дека овие бели траги на небото се причина за болести, иако не е прецизирано на какви болести се мисли.

Како што многупати досега пишуваше „Вистиномер“, овие траги од авиони коишто сите ги гледаме на небото, не се резултат на некоја скриена агенда за запрашување на населението и природата со отрови и тие не предизвикуваат болести.

За оваа широко распространета теорија на заговор се користи терминот „кемтрејлс“. Според теоријата на заговор за „кемтрејлс“ патеките, односно белите траги, кои ги создаваат авионите во воздухот се „хемиски патеки“, наводно се составени од хемиски или биолошки агенси за „злобни цели“.

Ваквите тврдења се категорично отфрлени од научната заедница. Нема никакви докази дека наводните хемиски патеки се нешто различно од нормалните, вообичаени траги од вода кои ги оставаат авионите кои летаат на голема височина под одредени атмосферски услови. Овие бели линии, всушност, се патеки од кондензација кои се нарекуваат контрејлс – долги линии кои се формираат кога водената пареа произведена на големи височини од моторите на авионот се замрзнува додека се ослободува во студениот воздух, опкружувајќи го авионот. Во зависност од влажноста на воздухот, замрзнатата пареа може или брзо да се промени од цврста во гасна (што значи дека линиите исчезнуваат по неколку минути), или да остане како капки вода или ледени кристали што доведуваат до бели линии кои можат да траат неколку часови.

Уште во 2016 година група од 77 научници објавија извештај откако ги прегледаа наводните докази дека некои авиони нè прскаат со хемиски супстанци. Од тие 77 научници, 76 изјавија дека не нашле докази за „тајна атмосферска програма од големи размери“. Со други зборови, доказите укажуваат на тоа дека патеките се очекуваниот резултат на авионите што летаат во воздухот.

Воздухопловните сили на САД ja нарекоа теоријата на заговор за кемтрејлс „измама“ и ги отфрлија тврдењата за пријавени епидемии на болести по појавата на „хемиски траги“.

Не постојат кемтрејлс. Контрајлс се безбедни и се природен феномен. Тие не претставуваат никаква опасност по здравјето од каков било вид, се вели во извештајот.

Иако најновите истражувања покажуваат дека дождовната вода не е безбедна за консумирање, ова не е се должи на фактот дека некој намерно го направи тоа за да ја труе почвата и луѓето прскајќи од авионите, како што се алудира во објавата. Истражувањето покажува дека дождовницата на повеќето локации на Земјата содржи нивоа на хемикалии кои ги надминуваат безбедносните нивоа, но тие не се поврзани со трагите што ги оставаат авионите. Овие синтетички супстанции наречени PFAS (пер-и поли-флуороалкилни супстанции) се наоѓаат во речиси секое живеалиште на Земјата во стотици секојдневни производи, вклучувајќи пакување на храна, нелепливи садови за готвење, опрема за дожд, лепила, хартија и бои. Наречени „засекогаш хемикалии“, тие опстојуваат со години во околината. Нивната распространетост сега е таква што научниците велат дека нема безбеден простор на Земјата за да се избегнат. Истражувачите од Универзитетот во Стокхолм велат дека е од витално значење употребата на овие супстанции брзо да се ограничи. Други научници заземаат став дека треба појасно да се докажат здравствените ризици од овие хемикалии.

Од сите набројани факти заклучуваме дека не е вистинито тврдењето дека трагите што ги оставаат авионите се отровни и дека предизвикуваат болести.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција