БИРН Косово: Немаше пожар во „Телеком Косово“

Интернет-весникот „Инсајдер“  објави информација дека зградата на „Телеком Косово“ е во пламен. Веста беше придружена и со видео, за кое „Инсајдер“ напиша дека е испратено од граѓанин. Оваа информација се ширеше и од други медиуми како: „Репортер“, „Службен портал“, „Газета експрес“, „Перископи“, за подоцна да биде избришана од сите, освен од порталот „Reporteri.net“.

Непосредно по објавувањето на веста, БИРН Косово ја провери оваа сомнителна информација и  констатира дека станува збор за лажна вест. Имено, косовската полиција за БИРН соопшти дека не добила никаква информација за пожар во зградата на косовскиот „Телеком“ во населбата Дарданија во Приштина. Новинар на БИРН, исто така, проверил на лице место дека нема пожар, ниту полиција, или, пак, пожарникари.

По неколку минути, веста за пожарот ја демантираше и главниот извршен директор на „Телеком Косово“, Бедри Истрефи. Имено, како што беше објаснето,  не станувало збор за оган, туку за рефлектор кој фрлал светлина на снегот и дождот. Со овие факти БИРН веста ја оцени како лажна.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција