Бујар Османи
На 31.05. 2017 година Бујар Османи е избран за министер без ресор во Владата на Република Македонија, како што е најавено, тој ќе биде вицепремиер за евроинтеграции
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Бујар Османи е роден на 11 Септември 1979 година во Скопје. Женет е и татко на две деца
ОБРАЗОВАНИЕ:
- Од 2014 – Докторанд на Школата за докторски студии при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј„ Скопје
- Од 2012 – Специјалист Хирург
- Од 2013 – Асистен Докторанд при Медицински Факултет- Скопје, предмет Хирургија
- 2006-2007 – Дел од Специјализација по хепато-билио-панкреатична хирургија во Лондон, В. Британија
- 1997 – 2004 – Медицински факултет Скопје
- 1993 – 1997 – Средно медицинско образование –Скопје
Говори албански, македонски, англиски и француски делумно.
КАРИЕРА:
- Од 2011 универзитетска Клиника за Дигестивна хирургија –Скопје – Специјалист хирург
- 2004-2008 универзитетска клиника за хируршки болести „св.Наум Охридски„ Скопје
- 2004 предавач во Средно Медицинско училиште „Др.Панче Караџозов„ Скопје
ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА
- Од 2011 секретар за комуникација со јавност при претседателството на ДУИ
- 2008 -2011 министер за здравство на Република Македонија
ИЗВОРИ
- Собрание на РМ: Предлог за состав на Влада на Република Македонија
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар