Древните луѓе не работеле на компјутер – сликата е создадена во 2006 г.

Фото: скриншот од дел од уметничкото дело од 2006

Фотографијата споделена во објавата нема никаква врска со древна цивилизација и некаков доказ дека древните луѓе се сретнале со напредна цивилизација, односно дека работеле на компјутери, како што тоа се посочува во објавата. Сликата е уметничко дело изработено првично во 2006 година за кое неговиот творец Раул Круз рекол дека е комбинација на фантазијата и научната фантастика со културите на Маите и Ацтеките

Фотографијата споделена во објавата нема никаква врска со древна цивилизација и некаков доказ дека древните луѓе се сретнале со напредна цивилизација, односно дека работеле на компјутери, како што тоа се посочува во објавата. Сликата е уметничко дело изработено првично во 2006 година за кое неговиот творец Раул Круз рекол дека е комбинација на фантазијата и научната фантастика со културите на Маите и Ацтеките

 

Објава на социјалната мрежа Фејсбук споделува фотографија за која авторот тврди оти прикажува можност дека древните луѓе се сретнале со напредна цивилизација. Станува збор за фотографија која прикажува нешто што изгледа како гравура на древна личност која седи пред компјутер и работи на него. Во текстот од објавата пишува:

Отклучување на тајните: Дали древните луѓе се сретнале со напредна цивилизација одамна?, стои во објавата која ја анализираме.

Доколку ја пребарате фотографијата на Интернет, ќе се види дека истата била објавена од Strange Horizons, неделно списание со седиште во САД, на 9 октомври 2006 година. Во текстот му се дава признание за ова уметничкото дело на илустраторот Раул Круз од Мексико.

Раул Круз (познат како Ракруфи) работи како независен илустратор од 1983 година за различни клиенти, во Мексико (Фернандез Публишинг, Роберто Гаудели, Монтаж и други), САД (Марвел Комикс и списанијата Хеви Метал и Спектрум, меѓу другите) и Аргентина (Lumen Publishing)… Уметничкото дело на Раул, инспирирано од уметноста на Ацтеките и Маите, ги меша традиционалните елементи со научната фантастика и фантастични теми, се вели во статијата.

Слична фотографија може да се најде и на уметничката платформа ArtStation. Делото е насловено „Сеќавање на иднината“.

Во биографијата на Круз на ArtStation се наведува:

Футуристичката естетика и научната фантастика во комбинација со мезоамериканската уметност директно влијаеле на неговата работа, мешајќи го минатото и сегашноста со непредвидливи иднини.

Фотографија од ова уметничко дело била објавена на инстаграм профилот на Круз на 5 септември 2018 година каде што се појаснува дека е фотографија од неговото дело изработено од акрил на фиберглас во 2015 година, а може да се види и на корицата на книгата „Cosmos Latinos: Anthology of Science Fiction from Latin America and Spain“.

Круз во изјава за АФП потврдил дека сликата е негово уметничко дело кое го направил пред 25 години.

Таа слика е дело што го направив пред 25 години, прво со молив, потоа поголема со смола и акрилни бои. Тоа е само фантастично дело како многу што сум ги правел поодамна, комбинирајќи ја фантазијата и научната фантастика со културите на Маите и Ацтеките во мојата земја, рекол Круз за АФП.

Од ова може да се заклучи дека фотографијата споделена во објавата нема никаква врска со древна цивилизација и некаков доказ дека древните луѓе се сретнале со напредната цивилизација, односно дека работеле на компјутери, како што тоа се посочува во објавата. Сликата е уметничко дело изработено првично во 2006 година за кое неговиот творец Раул Круз рекол дека е комбинација на фантазијата и научната фантастика со културите на Маите и Ацтеките. Поради тоа оценуваме дека на објавата ѝ недостига контекст.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција