ЕУ не им „подметнува“ ГМО на земјоделците

Фото: Charles Echer auf Pixabay

Секој пласиран ГМО производ на ЕУ пазарот има свој идентификувачки код, со кој се обезбедува дека се испочитувани обврските за обележување и следење на ГМО храна и храна за добиток. Кодот содржи бројки и букви што обезбедуваат информации за ГМО. Има и законска прописи во ЕУ (Regulation (EC) No. 65/2004) кои регулираат дека ГМО мора јасно да се обележани на пакувањето. Не е точно ниту тврдењето  дека ЕУ им подметнува „фалц препарати на земјоделците“, затоа што постојат строги процедури за регистрирање на фитофармацевтски производи 

Секој пласиран ГМО производ на ЕУ пазарот има свој идентификувачки код, со кој се обезбедува дека се испочитувани обврските за обележување и следење на ГМО храна и храна за добиток. Кодот содржи бројки и букви што обезбедуваат информации за ГМО. Има и законска прописи во ЕУ (Regulation (EC) No. 65/2004) кои регулираат дека ГМО мора јасно да се обележани на пакувањето. Не е точно ниту тврдењето  дека ЕУ им подметнува „фалц препарати на земјоделците“, затоа што постојат строги процедури за регистрирање на фитофармацевтски производи 

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

ЕУ им подвали ГМО семиња на земјоделците им подвали и фалц препарати за 5 пати прскање и биди земјоделец ЕУ ве ништи.

Наспроти изнесеното, Европската Унија не само што не им „подметнува“ ГМО семиња на земјоделците, туку и е свесна дека употребата на вакви семиња останува контроверзна.

Затоа ЕУ има многу строги правила за ГМО.

Производите изведени од, или кои содржат генетски модифицирани организми, се строго контролирани и има нулта толеранција за недозволени ГМО во ЕУ.

Не е точно наведеното дека „ЕУ им подметнува“ ГМО семиња на земјоделците, затоа што секој пласиран ГМО производ на пазарот има свој идентификувачки код, со кој се обезбедува дека се испочитувани обврските за обележување и следење на ГМО храна и храна за добиток. Кодот содржи бројки и букви што обезбедуваат информации за ГМО. Има и законска регулатива во ЕУ (Regulation (EC) No. 65/2004) која регулира дека ГМО мора јасно да се обележани на пакувањето. 

Практични примери се следните: MON-Ø4Ø32-6 за генетски модифицирана соја од Мосанто компанијата.

Сите документи кои ги придружуваат имаат на себе ГМО симбол за време на целиот продукциски и дистрибутивен ланец, од производителот до продавачот. ГМО производот целосно може да се следи преку неговиот код, сè до точката од која потекнува.

Најголемиот дел од ГМО културите дозволени во ЕУ се користат за исхрана на животните. Системот за обележување на храната на ЕУ ги обврзува компаниите да наведат на опаковката ако храната или добиточната храна содржи ГМО во себе, дури и кога процентот на ГМО во неа е 0.9 проценти.

Храната и добиточната храна направена од ГМО или која содржи ГМО, може да се дозволи на пазарот во ЕУ само откако ГМО ќе добијат одобрение од ЕУ, после процедура која вклучува темелна проценка на ризикот од Европската агенција за безбедност на храна, врз основа на неопходно досие за овластување, обезбедено од апликантот, односно развивачот на ГМО.

Политиката на ЕУ за ГМО, го почитува правото на потрошувачот да знае, со тоа што ја обезбедува оваа информација со јасно означување за ГМО. Ова бара сигурни методи за нивно откривање, идентификација и квантификација за овластен ГМО во храната, добиточната храна и животната средина. Како што може да се погледне на следниот линк, храната којашто е ГМО во Германија е предмет на строга регулација и одобренија.

Генетски модифицирана храна (ГМО храна) е секоја храна која е произведена, составена или содржи генетски модифицирани организми. Генетски модифицирани организми (ГМО) се организми чиј генетски материјал (DNA) е изменет преку внес на ген од друг организам со употреба на технологија позната како „генетска технологија“, „рекомбинантна DNA технологија“ или „модерна биотехнологија“.

Илјадници години во минатото луѓето користеле традиционални методи за модификација, како што се селективното одгледување и вкрстено размножување со цел одгледување на растенија и животни со посакуваните особини.

На пример, по пат на вкрстено размножување земјоделците развиле нови сорти пченка кои се разликуваат по намената, големината или бојата на зрното. Но, промената по пат на традиционалните методи е долготрајна и тешко се добиваат бараните специфични својства. Ова е надминато со развојот на генетскиот инженеринг во 1970те, кој првенствено наоѓа примена во медицината, а понатаму и во земјоделието и индустријата за храна. Моментално достапните видови ГМО храна во светот најчесто се од растително потекло, но во иднина се очекува достапност на пазарот и на храна добиена од генетски модифицирани животни или микроорганизми. Целта за развојот на генетски модифицираната храна, пред сѐ на ГМ житарките, се состои во подобрување на приносот, зголемување на отпорноста на растението кон болести и толеранција кон хербициди. Зголемените приноси на храната на овој начин доведуваат до зголемена и рамномерна достапност на храната во светот, како и намалување на цената на храната, што е особено значајно за земјите во развој и неразвиените земји, пишува на сајтот на Агенцијата за храна на Република Северна Македонија.

Во Европската Унија, ГМО храната подлежи на строги правила на контрола и авторизација пред да се стави на пазарот со цел да се осигури, односно гарантира  нејзината безбедност, а со тоа да се обезбеди високо ниво на заштита на здравјето на потрошувачите. Согласно прописите за посебните барања за безбедност на овој вид храна, ГМО храна не смее да има негативни ефекти врз здравјето на луѓето, животните и животната средина, не смее да го доведува во заблуда потрошувачот во однос на нејзиниот состав и својства и не смее да се разликува од храната и состојките на храната кои треба да ги заменат, до таа мера, што нивната нормална консумација би имала негативен ефект за потрошувачот во прехранбена смисла.

Не е точно дека ЕУ им подметнува „фалц препарати на земјоделците“ затоа што постојат и строги процедури за регистрирање на фитофармацевтски производи во ЕУ. Фитофармацевтските производи се производи за заштита на растенијата или растителните производи од сите штетни организми или спречување на дејството на таквите организми.

За одобрување на активна супстанција, пред истата да се пушти во промет и да се користи во фитофармацевтскиот производ, земјите-членки, Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА)
и Комисијата на ЕУ прават процена на безбедноста.

Пред активната супстанција да биде одобрена најмалку една нејзина употреба во фитофармацевтските производи мора да се докаже дека е безбедна за здравјето на луѓето, вклучувајќи ги и остатоците во храната, здравјето на животните и не смее да има никакви неприфатливи последици врз животната средина.

Откако активната супстанција е одобрена, формулираниот производ кој ја содржи активната супстанција може да се одобри на национално ниво, под услов да се спроведе нова проценка на ризикот за дадениот производ. Пред да се изврши проценката на ризикот, Европската агенција за хемикалии (ECHA) издава акт за опасност на производите.

Во врска со делот од објавата дека ЕУ „сака да го уништи земјоделието“ Вистиномер веќе ја има дебанкирано таа невистина.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистинита.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција