ЕУ само може да ги зајакне културата, традицијата и економијата во земјите членки

Културен настан пред УКИМ поддржан од ЕУ. Фото: ЕУД/веб

Објавата го резонира рускиот дезинформациски наратив за претставување на Европската Унија како „унија на стаклени нозе, со слаба економија, уништувач на традицијата и културата, економијата и земјоделието“ но и кон своите земји членки и кон земјите што претендираат да станат членки на ЕУ, Унијата е поставена кон нивната култура, економија, земјоделие и традиција со поддршка, а не со деструкција и тоа може да се види преку бројните проекти за развој и прогрес на економијата, културата, земјоделието.

 

Објавата го резонира рускиот дезинформациски наратив за претставување на Европската Унија како „унија на стаклени нозе, со слаба економија, уништувач на традицијата и културата, економијата и земјоделието“ но и кон своите земји членки и кон земјите што претендираат да станат членки на ЕУ, Унијата е поставена кон нивната култура, економија, земјоделие и традиција со поддршка, а не со деструкција и тоа може да се види преку бројните проекти за развој и прогрес на економијата, културата, земјоделието

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

ЕУ грижливост: Уништете се што е ваше, традиција, култура, земјоделие, економија итн. Немајте гајле, ние сме со вас, ќе ве задолжиме со кредити.

Објавата личи на рускиот дезинформациски наратив за претставување на Европската Унија како „унија на стаклени нозе, со слаба економија, уништувач на традицијата и културата, економијата и земјоделието“.

Но, ЕУ наспроти изнесеното, длабоко се грижи и го одржува на напредно ниво културолошкиот прогрес на своите земји членки, што е евидентно и формално-правно и емпириски. Европското наследство е заеднички извор на сеќавања, идентитет, дијалог, кохезија и креативност. Во европското културно наследство има опипливи градби, како споменици, музеи, уметнички дела, библиотеки и архиви, но и неопипливи, како песни, традиции.

ЕУ се залага секоја земја членка да го задржи своето културно наследство, но и да се развијат меѓународни културни односи, што е видливо од стратегијата презентирана од Европската Комисија насловена како  ‘Towards an EU Strategy for International Cultural Relations’, чија цел е да се поттикне културна соработка меѓу ЕУ и нејзините партнерски држави. Оваа стратегија ја потенцира заложбата на ЕУ да се негуваат меѓународни културни односи со партнерства и интеракции и да се промовираат различните култури на земјите членки преку културна дипломатија.

Културната разновидност е интегрален дел од вредностите на Европската Унија. ЕУ е силно посветена за промоција на глобален поредок базиран на мир, владеење на правото, слобода на изразување, заедничко разбирање и почитување на основните човекови права. Следствено, промоцијата на диверзитетот со меѓународни културни односи е важен дел од улогата на ЕУ како глобален актер. Ова вклучува промоција на меѓународни културни односи преку поддршка и помош што ЕУ ги дава на трети држави и промоција на културната дипломатија. ЕУ тесно соработува со УНЕСКО за да се зачува културното наследство, пишува во стратегијата.

ЕУ на полето на културата ги поддржува земјите членки со различни политики, како зачувување на европското културно наслество, соработка меѓу различните држави и нивните културни институции, промоција на мобилноста на креативните работници.

Наспроти изнесеното во објавата, влезот во ЕУ значи заштита на културата на земјите членки. Во С. Македонија ЕУ спроведува бројни проекти за заштита на македонското културно наследство.

ЕУ, исто така, помага земјоделството да стане поотпорно, а фармите попродуктивни. Само еден од проектите со кои ЕУ ја поддржува Македонија е креирањето на модерен советодавен систем во земјоделскиот сектор, каде 90 обучени советници се ставени на располагање на земјоделците. Европските држави имаат силно развиено земјоделско производство, кое им носи профит и е сигурен извор на егзистенција. А тоа е и нашата цел, за нашите земјоделци, за нашиот агросектор. Земјоделството, исто така, е поддржано со сериозни средства од ЕУ преку ИПАРД Програмата, која овозможува пристап до фондовите на Европската Унија наменети за финансиска помош на земјоделството и руралниот развој. Од искористувањето на фондот од ИПАРД Програмата за Северна Македонија се очекуваат многубројни придобивки, од кои можат да се издвојат следните: подобрување на стандардот на земјоделските производители, подобрување на пазарната конкурентност и ефикасност, зголемување на вработеноста во руралните средини, подобрување на стандардите и зголемена заштита на животната средина. Поддршката на ЕУ за македонското земјоделство е многу напредна и модерна.

Доколку ЕУ би сакала да се уништи земјоделието тогаш не би финансирала и алоцирала толку многу проекти и не би одделувала огромни финансиски износи за земјите членки и земјите што претендираат да бидат земји членки. ЕУ парично ги поддржува своите земјоделци и охрабрува еко-пријателски практики кои се одржливи и го истражува развојот на руралните средини. Институциите во ЕУ соработуваат за политиките за храна и земјоделие.

Дополнително, што се однесува на економијата, ЕУ оперира на единствен пазар составен од 27 држави членки. Вкупната вредност на добрата и услугите произведени во ЕУ во 2021 е 14.5 билиони евра.

ЕУ, Кина и САД се трите најголеми глобални играчи во меѓународната трговија. Било да се работи за економијата на земјите членки или на економијата на држава која претендира да стане земја членка, не е логично ЕУ да сака или да работи на тоа да ја уништи или ослабне таа економија, бидејќи на таков начин ќе си наштети самата себеси. Она што во последно време има импликации на глобалната економија е фактот што Русија спроведе целосна воена инвазија врз Украина и тоа влијае на глобалната економија. Еврото е втората најголема валута за резерви и втората најразменувана валута во светот после американскиот долар.

ЕУ се грижи за својот пазар на различни начини. Во рамки на Економската и монетарната  унија економиите на ЕУ се обединети и интегрирани преку координираните економски и фискални политики, заедничката монетарна политика и заедничката валута – еврото.

Некои од клучните програми и иницијативи на ЕУ за поддршка на раст на бизнисите и пошироката економија се достапни за компании кои се наоѓаат во Република Северна Македонија, вклучително Horizon Europe 2021-2027 (клучна програма на ЕУ за финансирање истражувања и иновации, со буџет од 95,5 милијарди евра), Access2Markets (портал за извоз и увоз од ЕУ, кој дава информаци за сите тарифи, царински процедури и формалности, како и барања во однос на производите на ЕУ пазарот), Grow your business (субвенционирани советодавни услуги за компании).

ЕУ е главниот трговски партнер на С. Македонија, со 77,5% од извозот на земјата и 51% од нејзиниот увоз. Германија е најголем трговски партнер на земјата, а следуваат Велика Британија, Србија, Кина и Грција.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистинита.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција