Проверката на албанскиот сервис за проверка на факти, Фактоје“ покажа дека изјавата на премиерот Рама е невистинита.

Според податоците на „ Worldmeters“, Белгија, Британија, Италија, Шпанија и Франција имаат повеќе смртни случаи на 1 милион жители од Шведска.

Исто така, премиерот Рама на 24 мај рече дека ниту една земја во Европа не ги отвори своите плажи. Но Грција на 16 мај дозволи отворање на 500 плажи. Грција заклучно со 26 мај има  2.882 заразени лица и 172 смртни случаи како резултат на пандемијата „Ковид-19“     .

Со оваа аргументација „Фактоје“ ја оцени изјавата на премиерот Рама како „невистинита“.