Факултетот на Мерко нема да се продуцира лекари, туку само медицински сестри

Фото:MoondancePixabay

Тврдењето изнесено во објавата што ја рецензираме дека „Мерко ќе штанца доктори“ е невистинито. Министерството за образование и наука, односно министерот во заминување Јетон Шакири, на Фејсбук страницата на МОН демантираше дека на новиот факултет ќе се произведуваат доктори, туку како што е наведено и во програмите (кои уште се во процес да бидат акредитирани), тие се само за медицински сестри, а нема студии за доктори

Тврдењето изнесено во објавата што ја рецензираме дека „Мерко ќе штанца доктори“ е невистинито. Министерството за образование и наука, односно министерот во заминување Јетон Шакири, на Фејсбук страницата на МОН демантираше дека на новиот факултет ќе се произведуваат доктори, туку како што е наведено и во програмите (кои уште се во процес да бидат акредитирани), тие се само за медицински сестри, а нема студии за доктори

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Аирлија и КОМАНДАНТ МЕРКО ЌЕ ШТАНЦА ДОКТОРИ! КОЈ Е КАКО СЕВЕРЏГАНИЈА!? 5 ФАКУЛТЕТИ ЗА МЕДИЦИНА!

Оваа објава доаѓа откако беше објавено дека во склоп на Меѓународниот универзитет во Струга (чија сопственост се поврзува со Рамиз Мерко, градоначалник на Струга) ќе профункционира и Факултет за здравствени науки. 

На самата страница на Универзитетот е наведено дека двете студиски програми кои се планирани се онаа за општа медицинска сестра и студии за здравствена нега. Студии за доктори не се предвидени.

Така што, тврдењето изнесено во објавата што ја рецензираме дека „Мерко ќе штанца доктори“ е невистинито. Министерството за образование и наука, односно министерот во заминување Јетон Шакири, на Фејсбук страницата на МОН демантираше дека на новиот факултет ќе се произведуваат доктори, туку како што е наведено и во програмите (кои уште се во процес да бидат акредитирани), тие се само за медицински сестри, а нема студии за доктори.

Инаку, како и за повеќе други факултети, така и за овој – Факултет за здравствени науки каде ќе има тригодишни студиски програми за медицински сестри, а не студии за доктори, по доставениот извештај од страна на комисијата во МОН, потпишав Решение за исполнетост на условите за почеток со работа на високообразовната установа. Ништо противзаконски и ништо самоволно, напиша министерот за образование во заминување Јетон Шакири на Фејсбук страницата на МОН.

Тој појасни дека во постапката на основање на високообразовна установа се инволвирани повеќе надлежни институции и органи, а меѓу нив и Министерството за образование и наука кое во суштина, има најмалку надлежности.


Основањето на една високообразовна установа, во случајов факултет во состав на веќе постоечки универзитет започнува со иницијатива на самиот универзитет, која најпрво треба да добие позитивно мислење, односно согласност од Владата. Потоа, Одборот за акредитација при Агенцијата за квалитет на високото образование го акредитира проектот доставен од универзитетот. Понатаму, следи носење на акти за основање и работа на факултетот од страна на матична комисија при универзитетот и дури потоа, по завршување на овие фази, врз основа на мислење на комисија за увид во исполнетост на условите за работа, во рамки на МОН, министерот за образование и наука носи одлука за исполнетост на условите и дозвола за почеток со работа. Во меѓувреме, Одборот за акредитација спроведува постапка за акредитирање на студиските програми, до чие завршување факултетот не може да запишува студенти. Оваа постапка е во тек, пишува на Фејсбук Министерството за образование и наука.

Министерството за образование и наука и за дел од медиумите потенцираше дека новиот факултет нема да продуцира лекари туку само медицински сестри. Оттаму рекоа дека поради потребата од повеќе здравствени работници во државата, Владата во изминатиот период поддржала повеќе иницијативи за основање на нови единици во состав на неколку високообразовни установи кои ќе реализираат студиски програми од соодветната област.

Во врска со тврдењето дека во земјава има 5 факултети за медицина, (според страницата за акредитирани универзитети и факултети), во земјава покрај Медицинскиот факултет во Скопје, има факултет за медицински науки при Универзитетот во Тетово и факултет за медицински науки при УГД Штип. МОН информираше дека во состав на МИТ универзитетот во Скопје, на Меѓународниот Балкански Универзитет, како и на Европски универзитет веќе работат Факултети за дентална медицина.

Тоа ги прави факултетите вкупно 6 на број, а има и уште за кои се дадени согласности за почеток со работа, но уште не се почнати.  Дадени се согласности за почеток со работа на Факултети за здравствени науки при Универзитетот на Југоисточна Европа, Меѓународниот Балкански Универзитет и Меѓународниот Универзитет Визион. Исто така од страна на Владата дадено е и позитивно мислење за основање на Факултет за здравствени науки при Меѓународниот универзитет во Струга, каде ќе има тригодишни студии за медицински сестри.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како делумна невистина.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција