Изградена е обиколницата во Вевчани
Градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанкоски во изборната програма „Живот за сите во Вевчани“, како еден од приоритетните проекти вети изградба на обиколница во Вевчани. Ова негово изборно ветување е исполнето. Обиколницата е изградена и пуштена во употреба на крајот на минатата година.
Ветување: Изградба на обиколница околу Вевчани
[Извор (Изборна програма „Живот во Вевчани за сите“ стр. 16; датум: Октомври 2017 г.]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанкоски во изборната програма „Живот за сите во Вевчани“, како еден од приоритетните проекти вети изградба на обиколница во Вевчани. Ова негово изборно ветување е исполнето. Обиколницата е изградена и пуштена во употреба на крајот на минатата година.
Во февруари 2020 година започна изградбата на мостот на Вевчанска река, што е дел од обиколницата „Југ“. Средствата за доизградба на овој крак на регионалниот пат Обиколница југ беа обезбедени преку Агенцијата за државни патишта (ЈПДП).
Во март 2020 година стартуваше пробивањето и проширувањето на кракот на регионалниот пат, кој е познат како обиколница Вевчани – Југ, или фабрика „Вевчанка“ – здравствен Дом „др Светозар Чочороски“ Вевчани.
Минатата есен (ноември 2020 г.) почна асфалтирањето на обиколницата. Од Општина Вевчани информираа дека севкупната должина на овој регионален крак е околу еден километар, а неговата изградба чини 325.000 евра.
Околу 650 метри е комплетно нов пробиен пат, започнувајќи од пробивање, земјени работи до фаза на асфалтирање, додека остатокот е реконструкција на претходно пробиен и асфалтиран пат од 2005 година. Средства се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), известија од општина Вевчани.
Изградбата на обиколницата заврши минатата година.
Обиколницата ја изградивме во декември 2020 година и оттогаш е во функција за потребите на жителите на Вевчани и околните села, ни потврдија од Општината.
Оваа обиколница е од големо значење не само за жителите на Општина Вевчани, туку и за целиот регион. Со оваа сообраќајница се намалува бројот на возила кои поминуваат низ Вевчани, а во исто време се овозможува и побрз пристап до услугите на Здравствениот дом „Д-р Светозар Чочоровски” во Вевчани.
Со оглед на тоа што Обиколницата е направена и пуштена во употреба, ова ветување на Јанкоски го оценуваме како исполнето.
ИЗВОРИ:
- Изборна програма „Живот за сите во Вевчани“ Октомври 2017 (Проверено на 10.10.2021)
- Официјална страница на општина Вевчани (Проверено на 10.10.2021)
Оцени: Соња Рилковска
Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар