Измените на Законот за помилување како градење кули во воздухот

Kulla imagjinare dhe asnjëherë e ndërtuar e Vladimir Tatlin (rreth 1920) në Shën Peterburg. Madje edhe proporcioni është i keq- ajo është dashur të jetë 3 herë më e lartë se kisha e afërt ortodokse e "Petar dhe Pavle". Foto: cea+/flickr

Место да бара решение врз основа на признание дека членот 11 од Законот за помилување е „мртво слово“, врз основа на кого претседателот Иванов помилува голем број на лица и предизвика голема политичка кашканица, Парламентот си изгради надоградба на непостоечки прв спрат. На една незаконитост создаде – нова! И кризата така само се продлабочува

 

Место да бара решение врз основа на признание дека членот 11 од Законот за помилување е „мртво слово“, врз основа на кого претседателот Иванов помилува голем број на лица и предизвика голема политичка кашканица, Парламентот си изгради надоградба на непостоечки прв спрат. На една незаконитост создаде – нова! И кризата така само се продлабочува

 

Пишува: Љубомир Костовски

 

Повторното активирање на „мртвиот“ односно распуштениот Парламент, „што на никој начин не може повторно да се свика“ (според спикерот Трајко Вељановски), кој се случи, сепак, неодамна, со цел, меѓу другото, да се „испеглаат“ неуставностите и незаконитостите во актот со кој претседателот на државата Ѓорѓи Иванов помилуваше 56 лица, место да ги тргне последиците од тој чин и да делува смирувачки на политичката криза во земјата. Еднаш заострените состојби само ја подигнаа кризата за некоја октава погоре, продолжувајќи ги граѓански немири и протести во земјата.

Според првиот правен пресек на она што се постигна со донесувањето по скратена постапка на Закон за дополнување на Законот за помилување, добивме сериозно проблематична импровизација на некакво си „решение” за состојбата која се создаде по Одлуката на Претседателот за помилување на 56 лица донесена на 12 април. Од правен аспект, ваквото „решение” е спорно заради повеќе причини, но во целата кризна состојба веќе се изгуби и концентрацијата за стручна расправа по оваа тема. Ќе изнесеме две стручни мислења кои, секако, се доста концизни и се однесуваат токму на оваа измена на Законот за помилување.

Според доцент Беса Арифи од Универитетот на Југоисточна Европа, новодонесениот, а многу очекуван закон воопшто не го спори постоењето на членот 11 од Законот за помилување од 1993 година во правниот поредок. Да се потсетиме, вели таа дека Уставниот суд на РМ во своето Решение број 97/2011-0-0 од 02.2012 година јасно кажува дека „Уставниот суд не е надлежен да врши законодавна функција и да нормира прописи, со враќање во сила на оние одредби кои повеќе не се во правниот поредок”. Новодонесениот, а многу очекуван закон воопшто не го спори постоењето на членот 11 од Законот за помилување од 1993 година во правниот поредок.

Тоа значи дека членот 11 на Законот за помилување избришан во 2009 година, веќе не постои. Така, СИТЕ 41 Одлуки за помилување на Претседателот се правно ништовни бидејќи се основаат токму на овој член. Вчера донесениот закон, не само што не го спори постоењето на членот 11 туку истиот го „надградува” со дополнителен член 11-а, што е правно невозможно: како се дополнува правно решение кое не постои? – јавно се чуди Арифи.

Доцентката проценува во овој текст дека Собранието, или поточно владејачкото мнозинство, наместо да донесе автентично толкување за да ги разјасни „дилемите” околу членот 11 и јасно да соопшти дека тој е неважечки член, тоа, всушност, го легитимира на незаконски начин постоењето на оспорениот член па дури оди и чекор натаму да го надградува со дополнителен член 11-а. Ваквото постапување е идентично со надградување на претходно рушена куќа која веќе не постои. Донесувањето на член 11-а, всушност, претставува градење на втор спрат кога приземјето и првиот спрат веќе не постојат. Каква чудна градба би била таа каде вториот спрат би висел во воздух?

Како што е тоа физички невозможно, така и донесувањето на член 11-а е правно невозможно, а, сепак, сторено и тоа од највисокиот и единствен законодавен дом во државата.

И поранешната министерка за правда на РМ, Мери Младеновска Георгиевска, оценува дека на една незаконитост се надградува нова со оваа брзопотезно донесена измена на Законот за помилување.

Претседателот на РМ донесе одлука која не е втемелена на законски одредби, по многу дискусии од месец ипол дека споменатата одредба од членот 11 не може да биде основ на која се темели одлуката на Претседателот и дека имаме правна празнина која може да се поправи единствено ако надополни од страна на Парламентот со усвојување на измени и дополнувања, се донесе Закон за дополнување на Законот за помилување на седница на Собранието на 19 мај и објавен во Службен весник на 20 мај, претставува начин а се озаконат претходно донесените акти на претседателот затоа што во членот 1 од овој Закон стои по Законот за помилување број 20/93, по членот 11 се додава нов член 11-а – рече таа во емисијата „24 анализа“.

Според ексминистерката за правда, Собранието воопшто не сакало да се осврне на сите оние стручни дискусии од страна на еминентни правници кои дискустирале на оваа тема веќе два месеци наназад, туку со овој член ги озаконува актите на претседателот, божем тие се донесени на важечки член кој постои. „Новиот член 11-а, дава два начини да се поништи аболицијата, а тоа е со одлука на претседателот после месец дена од објавувањето на измената на Законот, рок кој истекува на 20 јуни, а вториот начин е по барање на самите странки“.

Нова незаконитост која засега како никој не ја гледа во измените на Законот за помилување се токму тие два начини на кои се поништува аболицијата, кои не смеат да постојат, односно не е дозволива алтернатива во вакви случаи!

Овие одредби во законот се во контрадикција со општите начела во законот и во правната теорија бидејќи е незамисливо она дека на два начини за една иста работа може да се произведат последици по акти на претседателот – едната е по службена должност, а втората е по барање на самите странки. И сега ќе има дискусија кој поднел, а кој не поднел барање и ќе имаме дискусија која е надвор од суштината – констатира Мери Младеновска Георгиевска.

Ваквото однесување на Парламентот само ја продлабочува политичката криза и нѐ оддалечува од нејзиното евентуално надминување.

 

ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН
 ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПОМИЛУВАЊЕ
 
Член 1
                Во Законот за помилување („Службен весник на Република Македонија“ број 20/1993), по членот 11 се додава нов член 11-а кој гласи:
 
Член 11-а
   Претседателот на Републиката може во рок од 30 дена од денот на донесувањето на овој закон да го поништи помилувањето дадено без претходна постапка за помилување.
                Претседателот не е должен да ја образложи одлуката од ставот 1.
                Лицето за кое е донесена одлука за помилување има право до претседателот на Републиката да поднесе барање за поништување на одлуката за негово помилување.
                Претседателот на Републиката е должен во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето од ставот 3, да ја поништи донесената одлука.”
 
Член 2
       Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција