Kallxo.com: Вјоса Османи побара расветлување на смртта на 26-годишното момче во Косово

Printscreen: Kallxo

 

По смртта на 26-годишното момче од Урушевац во карантинот во Студентскиот центар во Приштина следеа бројни повици за одговорност и расветлување на случајот, контроверзии и обвинувања од позицијата и опозицијата во Косово.

Неточни информации имаше и од одредени медиуми, Арбреш.инфо во понеделникот објави дека претседателката на косовското собрание, Вјоса Османи, не ја коментирала смртта на 26-годишникот и не изразила сочувство до неговото семејство.

Но, Сервисот за проверка на факти во Косово, Калзо (Kallxo.com – кој работи на проверка на фактите и е производ од соработката меѓу БИРН Косово и Интерњуз Косово) ги провери овие информации и констатира дека Османи во неделата (03.05.2020), на денот на трагичниот случај, преку објава на Твитер побарала расветлување на случајот, изразувајќи сочувство до семејството.

Имено, на 3 мај за овој случај Османи изјавила:

Јас сум вознемирен од информацијата дека млада личност почина предвреме. Искажувам искрено сочувство на неговото семејство и ги повикувам институциите да го испитаат случајот

Османи реагираше за оваа објавена вест и ја сметаше како опасна во овој тежок период за Косово. Со оваа аргументација Кallxo.com, споменатата информација во медиумите ја оцени како невистина.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

>Vërtetmatësit, projekt për rritjen e llogaridhënies dhe përgjegjësisë të politikanëve dhe partive politike përpara qytetareve, i realizuar nga Fondacioni Metamorphosis Artikulli mundësohet me përkrahje të fondacionit jofitimprurës amerikan (NED - National Endowment for Democracy). .