На Фејсбук се споделува лажна наградна игра за фрижидери

Фото: Принтскрин ФБ пост

Еден од показателите кои на корисниците на социјалните мрежи би требало да им укаже на сомнеж за наградната игра, е кога се споделува текст дека се подарува оштетена стока. Маркетите, вообичаено тоа не го прават. Дополнително, доколку стануваше збор за реална наградна игра, резултатите не би биле споделувани приватно во пораки, туку јавно, а би имало и правила за наградната игра срочени во документ

Еден од показателите кои на корисниците на социјалните мрежи би требало да им укаже на сомнеж за наградната игра, е кога се споделува текст дека се подарува оштетена стока. Маркетите, вообичаено тоа не го прават. Дополнително, доколку стануваше збор за реална наградна игра, резултатите не би биле споделувани приватно во пораки, туку јавно, а би имало и правила за наградната игра срочени во документ

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

#Среќни сме да објавиме дека ни се испратени 175 фрижидери кои не можат да се продадат бидејќи се малку изгребани бидејќи се уште се во добра состојба. Потоа по случаен избор го испраќаме до оној што напишал „Готово“. До 3 јули 2024 година!!

Објавата е споделена од Фејсбук страница Мега мол која не содржи никакви информации за себе. Имено, страницата има само 87 следбеници и две објави, поврзани со наводната наградна игра за доделување фрижидери.

Прво, фактот што ова се единствените објави на страницата, укажува дека таа не е веродостојна. Понатаму, во објавата се искористени односно злоупотребени фотографии од фрижидери кои се земени од интернет за да се креира веродостојност, а всушност се фотографии кои не претставуваат производи кои ќе бидат доделени на некој што ќе искоментира „готово”.

Откако ќе искоментирате „готово“, од страницата веднаш ве контактираат во приватна порака каде понатаму вее водат што треба да правите за наводно да добиете фрижидер.

Значи, од лажната страница се прави притисок врз корисниците на Фејсбук објавата да ја споделуваат во што поголем број групи и така таа да добие што поголема виралност и атракција.

Очигледно единствената цел на објавата е да се донесат што поголем број на допаѓања и следачи на лажната Фејсбук страница, со цел таа подоцна да се користи за други намени, меѓу кои, едната можност е да се преименува и да се продаде за да ја користи некој бизнис.

Еден од показателите кои на корисниците на социјалните мрежи би требало да им укаже на сомнеж за наградната игра, е кога се споделува текст дека се подарува оштетена стока. Маркетите, вообичаено тоа не го прават. Дополнително, доколку стануваше збор за реална наградна игра, резултатите не би биле споделувани приватно во пораки, туку јавно, а би имало и правила за наградната игра срочени во документ. Премногу лесни наградни игри со скапи подароци, би требало да претставуваат основа за сомнеж кај корисниците на Фејсбук, за тоа дека некој ги злоупотребува за да ѝ донесе репутација и поголема виралност на својата страница.

Секогаш проверувајте дали страницата од која доаѓа наградната игра е официјалната страница на бизнисот кој ја промовира. Во случајов, ваков маркет Мега мол кај нас не постои, односно не успеавме да најдеме некоја официјална веб-страница со вакво лого на бизнис.

Тука станува збор за лажна наградна игра и поради тоа обајвата ја оценуваме како неточна.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција