Не е првпат да се измислува наводно затворање на „Дрекслмаер“

Носителот на изборна листа на ВМРО-ДПМНЕ во четвртата изборна единица, Александар Николоски, на партиски собир во Криволак изјави дека СДСМ ја затвара фабриката „Дрекслмаер“ во Кавадарци. Ваквата изјава на Николоски е невиистина

 

Носителот на изборна листа на ВМРО-ДПМНЕ во четвртата изборна единица, Александар Николоски, на партиски собир во Криволак изјави дека СДСМ ја затвора фабриката „Дрекслмаер“ во Кавадарци. Ваквата изјава на Николоски е невиистина.

Земјоделието од година во година оди надолу, нивите остануваат или необработени или ненабрани, а ако се наберат трудот останува по дворовите. Фабриките се затвораат, а за нови и да не зборуваме. Во суштина СДСМ е СДСМ. Беа на власт во 90-ти години, ги затворија сите големи гиганти кои што тогаш постоеја. Еве ги на власт овие три години, пак ги затвораат големите гиганти. Тоа е тажната вистина за СДСМ. Ако во 90-тите години, на пример, ја затворија фабриката за кабли тука во Неготино, сега го затвараат Дрекслмаер. За нови и да не зборуваме, изјави меѓу другото Николоски.

„СДСМ ги затвора фабриките. Сега ја затвора и „Дрекслмајер“. Нови фабрики не се отвораат, ниту домашни, ниту странски, обвини синоќа во Криволак носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во четвртата изборна единица, Александар Николоски.

Posted by КТВ-телевизија on Friday, 3 July 2020

(Извор: Фејсбук страница на КТВ, датум: 03.07.2020)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ваквата изјава на Николоски брзо се потврди дека е невистинита. Демант за неговите наводи стигна од градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој во изјава за КТВ посочи дека, фабриката не се затвара и дека веќе од август се враќа на работа во полн капацитет.

 

Јас сум изненаден од таквите шпекулации. Имам чести комуникации со менаџментот. Имав комуникација и сега и тие се изненадени од таквите шпекулации. „Дрекслмаер“ не се затвора, туку напротив, од август почнува со сто процентно производство и ќе се примаат уште работници. „Дрекслмаер“ за наредните пет години има менаџмерски  договори  и планови за работа, изјави Јанчев и апелираше до политичките партии за време на предизборна кампања да не ги мешаат приватните комапнии во нивните настапи.

Лажна е веста дека ќе се затвора фабриката „Дрекслмајер“ како што тврдеше на предизборен собир во селото Криволак носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во четврта изборна единица, Александар Николовски. Тој рече дека СДСМ во минатото затворала гиганти, а сега го затворала Дрекслмајер.Од компанијата ги отфрлаат ваквите тврдења. И градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев во изјава за КТВ тврди дека фабриката не се затвора туку од август го интензивира своето работење. Јанчев апелира до политичките партии да не ги мешаат компаниите во предизборната кампања.

Posted by КТВ-телевизија on Friday, 3 July 2020

„Дрекслермаер“, на 21.03.2020 година, поради состојбата со панедмијата од коронавирусот, одлучи да ги испрати сите свои вработени на принуден одмор.Ваквиот чекор тогаш беше објаснет со прогласувањето на вонредната состојба, како и заради заштита на вработените од епидемијата и несакано ширење на вирусот, како што тогаш извести Велес365.

Но, покрај изјавата на кавадаречкиот градоначалник Јанчев, од порталот Ммс.мк, исто така, стапиле во контакт со службата за односи со јавноста во оваа германска компанија од каде им рекле дека станува збор за дезинформација и дека тие, напротив, планираат да го зголемуваат производството.

Ова не е првпат да се појави ваква дезинформација дека фабриката „Дрекслмаер“ се затвара. Ваква вест пред повеќе од една година, поточно на 20.03.2019, објави и Миленко Неделковски на неговиот портал „Дудинка“ со наслов „Дрекслермајер капут“.

Германската инвестиција во Тиквешијата, фабриката Дрекслермаер, ќе биде затворена во рок од неколку месеци. Во погоните веќе нема трета смена, а на вработените им е кажано дека за два до три месеца фабриката комплетно ќе биде затворена. Изворите на Дудинка потврдуваат дека германците фабриката ќе ја селат во Албанија, објави порталот Дудинка.

По ваквата дезинформација се јави раководтсвото на фабриката, кое бараше извинување од Неделковски.

Во изјава за „Фокус”, кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев и тогаш децидно демантираше дека такво нешто ќе се случи.

Веднаш по објавата на веста стапив во контакт со раководството на фабриката. Нивниот официјален став е дека доколку не се извини јавно, во рок од 24 часа, Миленко Неделковски ќе добие тужба за објавување на лажна вест. Фабриката продолжува да работи без престан, нема никакви измени во нејзиното функционирање, се тече во најдобар ред. Вработените и нивните семејства немаат причина за загриженост по било која основа, бидејќи веста за затворањето е неточна и е срамен чин – потврди Јанчев.

Набргу потоа, на 28.03.2019 година, демант стигна и од претседателот на Германската стопанска комора во Македонија, Патрик Мартенс.

Можам да потврдам дека „Дрекслер Мајер“ нема да ја напушти земјава и оти странските инвеститори ја земаат предвид Македонија како земја за инвестирање која има големи перспективи на тоа поле, изјави Мартенс за Капитал.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција