Не е воведен јавен регистар на инспекциски контроли

Фото: скриншот

Иако во својата предизборна програма „План за живот во Македонија“ од 2016 година СДСМ вети дека ќе воведе јавен регистар на инспекциски контроли, тоа не го оствари

 

Иако во својата предизборна програма „План за живот во Македонија“ од 2016 година СДСМ вети дека ќе воведе јавен регистар на инспекциски контроли, тоа не го оствари.

ВЕТУВАЊЕ: За елиминирање или намалување на степенот на субјективноста во вршењето на инспекциски контроли, ќе воведеме јавен регистар на инспекциски контроли кои ги вршат државните органи и инспекции. Јавниот регистар ќе има за цел стопанските субјекти да бидат информирани за времето на вршење на контрола и наодите од извршените контроли.

[Извор: СДСМ – План за живот во Македонија, стр.62, датум: декември 2016]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ова ветување СДСМ го даде како одговор на бизнисите кои се жалеа дека се злоупотребуваат контролите и им се изрекуваат високи казни. Него го прифати и владата во својата Програма за работа за период од 2017 до 2020 година (стр, 6).

Во јануари 2017 година поранешниот министер за финансии Драган Тевдовски најави дека, покрај другото, ќе биде формиран и јавен регистар на инспекциски контроли:

Нема да има непотребни инспекциски контроли и нарачани казни од илјадници евра. Ќе воведеме јавен регистар на инспекциските контроли, за да се спречат ваквите злоупотреби. Ќе воведеме регистар на парафискални давачки со цел да се намалат давачките на фирмите, а веднаш ќе ја намалиме фирмарината за претпријатијата со помалку од 5 вработени. (Драган Тевдовски, Макфакс).

Но, и по две и пол години од добивањето на власта, Владата не ги објави јавно бројот и видот на инспекциските контроли, иако ги намали казните и воведе систем на опомена па казнување.
Ова може да се потврди со преглед на веб страниците на инспекциските служби и на страната на Инспекцискиот совет каде што во рубриката регистри нема регистар на инспекциски контроли, ниту пак, досега е објавено неговото постоење.

Според тоа, ветувањето на СДСМ дека ќе воведе Регистер на инспекциски контроли не е остварено.

 

ИЗВОРИ:

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција