Не се случил никаков масакр во ноќен клуб во Охрид

Фото: kultura.gov.mk

Вистиномер се обрати во СВР Охрид со цел да ги провериме ваквите вознемирувачки информации. Портпаролот Стефан Димоски истите ги оцени како „тешка дезинформација и лажна вест“

 

Вистиномер се обрати во СВР Охрид со цел да ги провериме ваквите вознемирувачки информации. Портпаролот Стефан Димоски истите ги оцени како „тешка дезинформација и лажна вест“

 

Објава на Фејсбук тврди дека во ноќен клуб во Охрид се случил масакр и дека медиумите го криеле тоа.

Зошто никој од медиумите на кажува за синоќешниот масакр во Охрид во Хангарот. Кого штитат??????, стои во објавата.

Објавата не се потпира на официјални информации, туку на чаршиски муабети од социјалните мрежи.

Станува збор за ноќниот клуб Хангар во Охрид каде на 31 јули концерт одржале српски рапери.

По ова, на социјалните мрежи почнаа да се плетат приказни дека наводно за време на концертот се случил масакр, па дури се шпекулираше и дека имало 36 избодени лица и неколку мртви.

Вистиномер се обрати во СВР Охрид со цел да ги провериме ваквите вознемирувачки информации. Портпаролот Стефан Димоски истите ги оцени како „тешка дезинформација и лажна вест“.

Ова е тешка дезинформација и лажна вест која се прошири во големи размери. Вечерта за време на концертот немаше апсолутно никакво нарушување на јавниот ред и мир. Сè помина во беспрекорен ред. Имаше интервенција само на медицинска екипа поради алкохолизирана состојба на едно или две лица. Концертот заврши пет минути по полноќ, ова е информација што полицијата ја доби од организаторите. Значи, се помина без проблеми, немало таков настан за каков се збори на социјалните мрежи. Лага е дека имало прободени или мртви, ни изјави портпаролот на СВР Охрид, Димоски.

Поради сето погоре, оценуваме дека објавата што ја анализираме е неточна.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција