Невистинито се тврди дека Клаус Шваб зборува за вакцини во видео од 2015 година

Фото: Принтскрин

Како што може да се види од видеото, Клаус Шваб никаде не споменува ковид вакцини, ниту тоа дека тие се генетско менување, но во преводот на српски тоа е додадено произволно од страна на тој што го правел титлувањето, така што тоа е комплетна измислица. Како што пишуваат проверувачите на факти на Фул Фект, видеото е од 2015 година, каде е интервјуиран Клаус Шваб, основачот на Светскиот Економски Форум. Во видеото тој не споменува вакцини, а во преводот од видеото од објавата што ја рецензираме, тие се додадени. 

Клаус Шваб во видео интервјуто никаде не споменува ковид вакцини, ниту тоа дека тие се генетско менување, но во преводот на српски тоа е додадено произволно од страна на тој што го правел титлувањето, така што тоа е комплетна измислица. Како што пишуваат проверувачите на факти на Фул Фект, видеото е од 2015 година, каде е интервјуиран Клаус Шваб, основачот на Светскиот економски форум и во него тој не споменува вакцини, тие се додадени во преводот од видеото во објавата што ја рецензираме

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од интервју на Клаус Шваб од Светскиот економски форум. Во објавата пишува:

Клаус Шваб за вакцините. Погледнете.

Во видеото каде Шваб дава интервју, додадени се одредени најавни зборови – „ќе им го менуваме ДНК на луѓето“ и „четврта индустриска револуција“.

Во самото видео кое има превод на српски јазик, има додавка во преводот која го прави целиот материјал изваден од контекст. Имено, во дел од видеото се додава во заграда дека „Шваб зборува за ковид вакцините“, што не само што е невистина, туку не би ни можело да биде вистина, со оглед на тоа што интервјуто е од 2015 година кога немаше ни пандемија ни вакцина. Самиот Шваб во видеото не спомнува ковид вакцина. Тој во едноминутното видео вели:

Разликата во оваа четврта индустриска револуција е што не го менува тоа што го правите, туку ве менува вас. Ако земете генетско менување, на пример, вие се менувате. И тоа има голем импакт на вашиот идентитет.

Потоа водителот додава:

И секако мора да се внимава на некои можности кога ќе се почне со тоа генетско менување, некои луѓе се загрижени дека тоа го менува значењето на тоа да се биде човек.

Шваб одговара:

Да, тоа е проблем, се разбира. Новата индустриска револуција ни нуди многу можности но и отвора етички прашања и прашања во врска со правните импликации. Мора да бидеме спремни на тоа и тоа сакаме да го направиме во Давос следната година.

Како што може да се види од видеото, Клаус Шваб никаде не споменува ковид вакцини, ниту тоа дека тие се генско менување, но во преводот на српски тоа е додадено произволно од страна на тој што го правел титлувањето, така што тоа е комплетна измислица. Како што пишуваат проверувачите на факти на Фул Фект, видеото е од 2015 година, каде е интервјуиран Клаус Шваб, основачот на Светскиот економски форум.

 

Во видеото тој не споменува вакцини, а во преводот од видеото од објавата што ја рецензираме, тие се додадени.

Сепак, како што Вистиномер веќе има пишувано во повеќе наврати, вакцините против ковид 19 не се генска терапија, не ја менуваат ДНК на луѓето. Центарот за контрола и превенција на болести во САД на својата официјална веб-страница објаснува дека вакцините против ковид не го менуваат ДНК на човекот. Инаку терминот четврта индустриска револуција се однесува нa промените кои што ќе го зафатат светот според Клаус Шваб а кои се однесуваат на автоматизација, роботизација, вештачка интелигенција, автомобили кои се самоуправувачки, односно промената на која што светот ќе се развива во иднина. Тој на темата има објавено и истоимена книга.

Четвртата индустриска револуција се карактеризира со сет на нови технологии кои го фузираат физичкиот, дигиталниот и биолошкиот свет, на таков начин имајќи импакт врз сите дисциплини, и економски и индустриски и дури предизвикувајќи ги идеите за тоа што значи да се биде човек, пишува на сајтот на Светскиот економски форум.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистинита, тврдејќи дека Шваб зборува за вакцини, кога тој воопшто не би ни можел да го направи тоа, бидејќи интервјуто цитирано е од 2015 година кога немаше ни ковид пандемија ни ковид вакцини. Вакцините не го менуваат човечкото ДНК и не се генетска терапија. Четвртата индустриска револуција се однесува на промените предизвикани од вештачката интелигенција врз сите сфери на човековото постоење.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција