Одново со пропаганда дека Русија се бори против „нацистите во Украина“

Видео скриншот

Проруската објава има за цел да ја оправда воената инвазија на Русија врз Украина. Дека Украина е земја на нацисти е невистина и пропагандна флоскула која ја презентираше самиот руски претседател Владимир Путин за да ја оправда воената инвазија која ја почна на 24 февруари 2022 сосема неиспровоцирано. Терминот „специјална воена операција“ е исто така пропаганден и скован од Кремљ за да се минимизира и замагли вистинската природа на војната што ја почна Русија и да се тврди за руска победа во операцијата без разлика на резултатите. Тоа што Русија го почна во Украина на 24 февруари 2022 година е напад и инвазија врз суверена и независна држава а не „специјална воена операција“. 

Проруската објава има за цел да ја оправда воената инвазија на Русија врз Украина. Дека Украина е земја на нацисти е невистина и пропагандна флоскула која ја презентираше самиот руски претседател Владимир Путин за да ја оправда воената инвазија која ја почна на 24 февруари 2022 сосема неиспровоцирано. Терминот „специјална воена операција“ е исто така пропаганден и скован од Кремљ за да се минимизира и замагли вистинската природа на војната што ја почна Русија и да се тврди за руска победа во операцијата без разлика на резултатите. Тоа што Русија го почна во Украина на 24 февруари 2022 година е напад и инвазија врз суверена и независна држава а не „специјална воена операција“

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува компилација од различни милитаристички видео-материјали и пишува:

Русија никогаш не им попушти на нацистите за време на Втората светска војна и тие нема да им попуштат на украинските нацисти за време на СМО (специјалната воена операција н.з). Слава на Русија.
Терминот „специјална воена операција“ е официјален термин што го користи руската влада и проруските извори за означување на руската воена инвазија врз Украина. Нашироко се смета дека е термин создаден за да се минимизира и замагли вистинската природа на војната што ја почна Русија и да се тврди руска победа во операцијата без разлика на резултатите. Тоа што Русија го почна во Украина на 24 февруари 2022 година е напад и инвазија врз суверена и независна држава, а не „специјална воена операција“.

 

Специјалните операции (Special ops) се воени активности спроведени, според НАТО, од специјално назначени, организирани, избрани, обучени и опремени сили кои користат неконвенционални техники и начини на делување. Специјалните операции можат да вклучуваат извидување, неконвенционално војување и антитерористички акции, а обично се спроведуваат од мали групи високо обучен персонал, со акцент на брзината и тактичката координација.

Во воената инвазија на Русија врз Украина, наспроти ова, гинат и голем број цивили. Воената агресија на Руската Федерација предводена од Путин врз Украина е веќе идентификувана од голем број држави во светот и како акт со кој во големи размери се повредуваат човековите права. Оваа осуда е операционализирана во хуманитарна и воена поддршка на Украина, во Резолуција на Генералното Собрание на ООН, во суспензија на членството на Руската Федерација во Советот на Европа, по што следуваше и нејзино напуштање на оваа институција, итн. Во објавата пак, се изнесува невистина дека „Русија нема да им попушти на нацистите за време на специјалната воена операција“ исто како што не им попуштила во времето на Втората Светска Војна. 

Интересно, додека руските државни медиуми ја опишуваат Украина како „нацистичка“ држава уште од 2014 година, податоците покажуваат дека бројот на текстови и медиумски објави кои ја поврзуваат Украина со нацизмот, се зголемиле нагло на денот на инвазијата, оцениле од италијанскиот институт ИСПИ90.

Но, Украина – земја во која милиони загинаа, борејќи се против нацизмот во Втората светска војна, каде што нацистичката идеологија е забранета – според Кремљ, е најголемиот нацист од сите. Базата на податоци EUvsDisinfo содржи речиси 500 примери на про-Кремљ дезинформациски тврдења за „нацистичка/фашистичка Украина“.

Бројни историчари тврдат дека воената агресија во Украина не може да се доведува во корелација со никаква денацификација.

Путин го злоупотребува терминот денацификација. Денацификацијата се однесува на одреден момент во историјата во поствоената ера, а тоа што Путин го користи овој термин е пропаганда насочена кон неговите стравови од моменталната демократска влада во Украина. Има многу специфично историско значење на денацификацијата, што претставува процес кој се случил во Германија после Втората светска војна, вели Тимоти Снајдер, експерт за Украина и автор на ,,Патот до неслободата: Русија, Европа, Америка“, за Тајм Магазин.

Професорот од Јејл Универзитетот, Џејсон Стенли вели дека денацификација е процесот што сојузниците го спровеле во Германија. Почнувајќи со нирнбершките судења, тие суделе и осудиле бројни нацисти, бројни биле убиени и потоа ја замениле нацистичката идеологија во сите големи институции со луѓе кои биле недопрени од нацизмот.

Моменталната украинска влада не е фашистичка, ниту диктаторска, или на кој било начин поврзана со нацистичкото минато. Претседателот Володимир Зеленески е демократски избран на фер избори, добивајќи 73 проценти од гласовите на претседателските избори во 2019 година.

Актуелниот претседател на Украина е Евреин кој победил неевреин кандидат на последните избори. Во Украина, навистина има десничарски екстремни сили, кои сепак се слаби во споредба со другите европски земји.

На последните избори екстремно десничарскиот Обединет фронт освои само 2,15 отсто од гласовите, посочува политикологот Андреас Умланд од Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS).

За потсетување, Украина го забрани промовирањето на нацизмот во 2015 година.Русија ја нападна Украина, а Украина има право да се брани. Во тоа ѝ помагаат демократски развиените држави членки на НАТО и ЕУ, меѓу кои секако се и САД.

Проруската објава има за цел да ја оправда воената инвазија на Русија врз Украина. Дека Украина е земја на нацисти е невистина и пропагандна флоскула која ја презентираше самиот руски претседател Владимир Путин за да ја оправда воената инвазија која ја почна на 24 февруари 2022 сосема неиспровоцирано.

Баталјонот Азов како воена единица е основана во мај 2014 година и таа најчесто се користи во пропагандни цели за постоење на неонацизам во Украина. Како што наведува Ал Џезеира, се работи за екстремна десничарска воена единица, чии членови се ултранационалисти кои се обвинувани за идеологијата блиска на супремација на белата раса. Единицата е создадена како доброволна група предводена од Андрија Билетски, а е сочинета од ултранационалистичката група „Патриоти на Украина“ и неонацистичка група. Како што пишува Ал Џезеира и двете групи имаат неонацистички и ксенофобични идеали и физички напаѓале мигранти, Роми и други луѓе. Како баталјон групата се борела против проруските сепаратисти во Доњецк во источна Украина. Но, нацистичките групи кои постојат во модерна Украина, како и во други европски земји, немаат влијание врз парламентот, не се во владата и не може да бидат оправдување за инвазијата на Русија врз Украина, а освен тоа единицата Азов уште по враќањето на Мариопол под украинските власти во 2014 година е инкорпорирана во украинската Национална гарда и за нејзе важат сите законски обврски и правила на военото право.

 

Во извештајот за манипулација со странски информации и закани од мешање од страна, Европската служба за надворешни работи пишува дека еден од најчесто употребуваните наративи е: „Украина е наци и терористичка држава“, но и дека поддржува такви групи.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција