Реконструиран е патот до Прилепското Езеро

Фото: ФБ профил на министерот Горан Сугарески - принтскрин колаж

 Реконструкција на постојниот пат до локацијата вештачко езеро

[Извор:Изборна програма на Илија Јованоски за локалните избори 2017-2021 – „Живот во Прилеп за сите“(стр.32)датум: октомври 2017]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Во предизборието на локалните избори (октомври 2017 година) градоначалникот на  Прилеп, Илија Јованоски,  како кандидат на СДСМ за градоначалничката функција,  вети реконструкција на патот до Прилепското Езеро.  Споменатото ветување е дадено во  изборната програма на Јовановски:„Живот во Прилеп за сите“  (стр.32) , како дел од еден покомплексен проект за унапредување на спортот и во рамки на заложбите за заживување на вештачкото езеро во Прилеп. Ова изборно ветување е исполнето

Реконструкцијата на патот од Прилеп до вештачкото езеро е направена минатото лето (2019 г.) во соработка со Министерството за тртанспорт и врски и со Јавното претпријатие за државни патишта.

Градежните зафати на овој патен правец се одвиваа во две фази. Во текот на 2018 година се изведуваше првата фаза кога беа обновени 2,6 км од патниот правец, додека втората се изведуваше во 2019 година  кога се асфалтираа околу 4,5 км од делницата Прилеп-Прилепско Езеро,

Во август 2019 година министерот Горан Сугарески на неговиот Фејсбук профил објави информација и видео од реконструираната сообраќајница, за чија реализација Општина Прилеп и ЈП за државни патишта издвоија 840.000 евра.

За реконструкцијата на патот информираа и дел од медиумите, а написи за тоа има објавено и на веб-страницата на Општина Прилеп

ИЗВОРИ:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција