Резултати од исполнетоста на ветувањата дадени во 2011 година
Во изминатиот период тимот на Вистиномер посвети значително време на анализа на целата изборна програма на власта за периодот 2011-2014. Анализирани се 704 ветувања, според следната методологија:
Секое идентификувано ветување добива оценка според степенот на исполнетост: исполнето, делумно исполнето или неисполнето:
- Неисполнето (239 ветувања): доколку за даденото ветување нема никаква активност, односно ништо не е спроведено до дадениот рок.
- Делумно исполнето (149 ветувања): направени се неколку активности за негово исполнување
- Исполнето (268 ветувања): ветувањето е исполнето во целост
- Недоследно (27 ветувања): нелогично ветување и за кое не постои начин да се провери
- Неконкретно (21 ветувања): не постојат јасни резултати кои партијата има намера да ги постигне или нејасни активности кои ќе бидат преземени за постигнување на целта.
- Се истражува (72 ветувања): неанализирано ветување
Резултатите од анализата се следни:
Забелешка: Поради ограничениот временски период, 72 ветувања се уште не се истражени.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар