САД, Европа и Русија не тестираат нуклеарно оружје од 1996 година

Подземна нуклеарна проба /Невада,САД,1962 г. Фото: Википедија

Подземните тестови спроведени од Советскиот Сојуз продолжија до 1990 година, Обединетото Кралство до 1991 година, САД до 1992 година и Кина и Франција до 1996 година. Со потпишувањето на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови во 1996 година, овие земји ветија дека ќе ги прекинат сите нуклеарни тестирања. Договорот сè уште не стапил во сила поради неуспехот да биде ратификуван од осум земји. Непотписничките Индија и Пакистан последен пат тестираа нуклеарно оружје во 1998 година. Северна Кореја изврши нуклеарни тестови во 2006, 2009, 2013, јануари 2016, септември 2016 и 2017 година. Најновата потврдена подземна нуклеарна проба се случи во септември 2017 година во Северна Кореја

Подземните тестови спроведени од Советскиот Сојуз продолжија до 1990 година, Обединетото Кралство до 1991 година, САД до 1992 година и Кина и Франција до 1996 година. Со потпишувањето на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови во 1996 година, овие земји ветија дека ќе ги прекинат сите нуклеарни тестирања. Договорот сè уште не стапил во сила поради неуспехот да биде ратификуван од осум земји. Непотписничките Индија и Пакистан последен пат тестираа нуклеарно оружје во 1998 година. Северна Кореја изврши нуклеарни тестови во 2006, 2009, 2013, јануари 2016, септември 2016 и 2017 година. Најновата потврдена подземна нуклеарна проба се случи во септември 2017 година во Северна Кореја

 

Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека Американците, Русите и Европјаните со употреба на тестирањата за нуклеарно оружје  ја уништуваат планетата.

ЗОШТО ПРВИН ВИЕ ,АМЕРИКАНЦИТЕ ,РУСИТЕ И ЕВРОПЕЈЦИТЕ ,НЕ СЕ ОБИДЕТЕ КАКО ЗА ПОКАЈАНИЕ КОН УНИШТУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА СО НУКЛЕАРНИ И ДРУГИ СРЕДСТВА ,НЕ ПОЧНЕТЕ ДА ГИ УНИШТУВАТЕ САМИ СИТЕ ШТЕТНИ НАУЧНИ ДОСТИГНУВАЊА СО КОИ ДЕФИНИТИВНО СЕ ДОКАЖУВА ДЕКА СВЕСНО ЈА УНИШТУВАТЕ ПЛАНЕТАВА ,ТУКУ УШТЕ И СВЕСНО И НЕДВОСМИСЛЕНО ЈА УНИШТУВАТЕ И СВЕТОСТА НА СВЕТАТА ЗЕМЈА ,ИЗРАЕЛ ВО КОЈА СЕ ПОКАЖА ДЕКА ТОКМУ ИЗРАЕЛЦИТЕ КАКО СВЕТ НАРОД ,ПОВТОРНО СЕ ПРИКЛОНУВААТ КОН РАСПНУВАЊЕТО НА ИСУС ХРИСТОС СО ДИРЕКНИ НАПАДИ КОН СОСЕДНИТЕ ДРЖАВИ ?, стои меѓудругото во објавата.

Не е точно дека Американците, Русите и Европјаните користат нуклеарно оружје и дека со него ја уништуваат планетата. Имено, овие држави не тестираат нуклеарно оружје од 1996 година.

Во воената историја досега само два пати било употребено нуклеарно оружје, и двете бомби од САД при крајот на Втората светска војна. Првата било детонирана утрото на 6 август 1945 година, кога САД фрлиле јадрена бомба на основа на ураниум наречена „Малото момче“ во Јапонскиот град Хирошима. Втората бомба била фрлена два дена подоцна, а овојпат тоа било плутониумска бомба што предизвикува имплозија наречена „Дебелко“ врз градот Нагасаки, исто така во Јапонија. Овие два напади резултирале со 120.000 мртви од повредите од експлозијата и од радиоактивноста и уште голем дел на загинати од долготрајните ефекти од зрачењето.

Од Хирошима и Нагасаки досега, како тестови на нуклеарно оружје се спроведени над две илјади пати. Единствените земји за кои со сигурност се знае дека детонирале јадрено оружје (хронолошки) се: САД, Русија, Велика Британија, Франција, Кина, Пакистан и Северна Кореја. Исто така се верува дека и Израел поседува јадрено оружје, меѓутоа тие го негираат ова тврдење.

Првата нуклеарна направа беше детонирана како тест од страна на Соединетите Држави на локацијата Тринити во Ново Мексико на 16 јули 1945 година, со сила еднаква на 20 килотони ТНТ. Првиот тест за технологија на термонуклеарно оружје на конструиран уред, со кодно име Ајви Мајк, беше изведен на атолот Еневетак на Маршалските Острови на 1 ноември 1952 година, исто така од Соединетите Држави. Најголемото нуклеарно оружје било кога тестирано, била Цар-бомбата на Советскиот Сојуз во Нова Земја на 30 октомври 1961 година.

 

Антинуклеарно движење

Со доаѓањето на нуклеарната технологија и нејзиното зголемено влијание се формираше антинуклеарно движење и во 1963 година, три земји (Велика Британија, САД, Советскиот Сојуз), од тогашните четири нуклеарни држави и многу ненуклеарни држави го потпишаа Договорот за ограничена забрана за тестирање, ветувајќи дека ќе се воздржат од тестирање нуклеарно оружје во атмосферата, под вода или во вселената. Договорот дозволи подземно нуклеарно тестирање. Франција продолжи со атмосферските тестирања до 1974 година, а Кина продолжи до 1980 година. Ниту едната, ниту другата држава, не го потпишаа договорот.

Подземните тестови спроведени од Советскиот Сојуз продолжија до 1990 година, Обединетото Кралство до 1991 година, САД до 1992 година и Кина и Франција до 1996 година. Со потпишувањето на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови во 1996 година, овие земји ветија дека ќе ги прекинат сите нуклеарни тестирања. Договорот сè уште не стапил во сила поради неуспехот да биде ратификуван од осум земји. Непотписничките Индија и Пакистан последен пат тестираа нуклеарно оружје во 1998 година. Северна Кореја изврши нуклеарни тестови во 2006, 2009, 2013, јануари 2016, септември 2016 и 2017 година. Најновата потврдена подземна нуклеарна проба се случи во септември 2017 година во Северна Кореја.

Треба да се напомене и дека НАТО алијансата во своите нуклеарни вежби, не користи боева муниција.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека западните земји и Русија речиси 30 години не извршиле тестирање на нуклеарно оружје, односно вакво оружје не се употребува, иако арсеналите постојат и се модернизираат. Поради тоа, објавата ја оценуваме како неточна.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција