Саудиска Арабија не престана да продава нафта во долари

Ријад, Саудиска Арабија Фото:apriltan18Pixabay

Формален договор со кој се бара Саудиска Арабија да ја продава нафтата само во долари, никогаш не постоел, а Саудиска Арабија продолжува да продава нафта во долари. Исто така, сè што е поврзано со глобалните нафтени системи, финансирањето, транспортот, осигурувањето, сè се прави во американски долари. Тоа е малку веројатно дека ќе се промени во скоро време, бидејќи врските се премногу силни. САД е во моментот најголем производител на нафта во светот, што значи дека најголемиот извор на петродолари во моментот е САД

Формален договор со кој се бара Саудиска Арабија да ја продава нафтата само во долари, никогаш не постоел, а Саудиска Арабија продолжува да продава нафта во долари. Исто така, сè што е поврзано со глобалните нафтени системи, финансирањето, транспортот, осигурувањето, сè се прави во американски долари. Тоа е малку веројатно дека ќе се промени во скоро време, бидејќи врските се премногу силни. САД е во моментот најголем производител на нафта во светот, што значи дека најголемиот извор на петродолари во моментот е САД

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Важна одлука на Саудиска Арабија „Крајот на петродоларскиот пакт: тивка револуција“
Одлуката на Саудиска Арабија да престане да продава нафта во долари е во согласност со целите на БРИКС да го зголеми влијанието на глобалниот енергетски пазар и да промовира девалвација на доларот.
Одлуката на Саудиска Арабија да не го обнови петродоларкиот пакт со САД ќе доведе до значителни промени на финансиските пазари и геополитичките стратегии на светот.

Саудиска Арабија не престанала и нема да престане да продава нафта во долари и не прекинува никаков петродоларски пакт. Всушност, нема петродоларски пакт во онаа смисла која се пренесува во објавата што ја рецензираме, ниту пак, промена во глобалните финансиски пазари.

Во седумдесеттите години САД и Саудиска Арабија склучија документ насловен „Заедничка билатерална комисија за економска соработка“ (Joint Bilateral Commission on Economic Cooperation).

Целта била да се зајакнат односите меѓу САД и Саудиска Арабија.

Цените на нафтата се зголемија во 1973-1974 година по арапското нафтено ембарго, предизвикувајќи зголемена инфлација.

По оваа непријатна епизода, САД сакаа да поттикнат поблиски врски со Саудијците за да избегнат нова криза. Најдобар начин да се направи тоа беше да се поттикнат Саудијците да ги инвестираат приходите од нивната продажба на нафта во САД (иако ова веќе се случувало, но во помал обем). Потоа Саудијците почнаа да инвестираат голем дел од своето нафтено богатство во САД.

Целта била да продолжи овој тренд. Резултатот од билатералната комисија се дека САД ќе им дадат техничка помош на Саудијците во повеќе области – одбрана, земјоделство, труд, наука и технологија, индустријализација, сето тоа Саудијците ќе гo финансираат користејќи „петродолари“. Петродолари едноставно се долари добиени за продажба на нафта.

Клучно е дека овој договoр не е формален. САД развива блиски врски со Саудиска Арабија кои може да превенираат нафтен шок. Саудијците за возврат добиле развојна помош од САД и средства во американски долари кои се ликвидни и лесно може да се претворат во други валути.

Дополнително, во моментот САД и Саудиска Арабија се на прагот на потпишување на историски безбедносен договор кој ќе ги зацврсти односите меѓу двете држави уште повеќе од одбранбена перспектива.

Исто така, сè што е поврзано со глобалните нафтени системи, финансирањето, транспортот, осигурувањето – сè се прави во американски долари. Тоа е малку веројатно дека ќе се промени во скоро време, бидејќи врските се премногу силни. САД е во моментот најголем производител на нафта во светот. Тоа значи дека најголемиот извор на петродолари во моментот е САД.

Неколку експерти посочуваат дека овој договор не постоел во формата која е презентирана во објавата што ја рецензираме, а чија содржина станала вирална и во други држави.

Имаше договор во 1974 година, но немаше никаква врска со валутите, бидејќи Саудијците продолжија да продаваат во стерлинг после тоа. Договорот беше воспоставен на 8 јуни 1974 година со заедничка изјава потпишана од Хенри Кисинџер, тогашен државен секретар и принцот Фахд од Саудиска Арабија. Првичната намера била договорот да трае 5 години, иако репетитивно бил продолжуван. 

Според Донован, формален договор со кој се бара Саудиска Арабија да ја продава нафтата само во долари, никогаш не постоел и дека Саудиска Арабија продолжила да прифаќа и други валути, како, на пример, британска фунта за својата нафта, дури и после 1974 година, за евентуално да престане да прифаќаат британски фунти како платежно средство.

Иако имаше сигнали дека Саудијците се поотворени да прифаќаат и други валути за нафтата освен доларот, како на пример кинески јуани, сепак дури и да се постигне таков договор, Саудиска Арабија има блиски економски и воени врски со САД и фактот дека целиот глобален систем за финансирање, осигурување и транспорт на нафта бара долари, ќе придонесе Саудиска Арабија да го избере доларот како преферирана и примарна форма на плаќање, според Џефри Клаинтоп, глобален инвестициски стратег на Шваб.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е вистина дека Саудиска Арабија одлучила да не продава нафта за долари. Доларот е ликвиден и тоа е причина доминантни 58 проценти од странските резерви во 2022 година да се во американски долари, наспроти 21 процент во евра, 6 проценти во јапонски јени. Според СВИФТ 47,3 проценти од глобалните плаќање биле со американски долари во април 2024 година. Саудиска Арабија очигледно ќе продолжи да продава најголем дел од нафтата во американски долари, а значајни промени на финансиските пазари и геополитички стратегии на светот не се на повидок.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција