Се реконструира булеварот „Александар Македонски“ во Скопје

Фото: skopje.gov.mk

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, пред неколку месеци на прес-конференција најавувајќи обнова на градските сообраќајници, меѓу другото, вети:

Реконструкција на булеварот Александар Македонски (фазна реализација, од улицата 16. Македонска бригада“ до излезот на Скопје)

[Извор: Макфакс; Датум: април 2020г.]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на скопскиот градоначалник, Петре Шилегов за реконструкција  на булеварот „Александар Македонски“, од раскрсницата во Автокоманда до излезот на Скопје, е во „во тек“ на реализација.

Реконструкцијата на оваа сообраќајница започна на почетотот на месецот. На  петти септември стартуваа градежни активности на потегот од крстосницата со улицата „16-та Македонска бригада“ до пешачкиот мост пред клучката кај Хиподром, која го поврзува овој булевар со автопатот. Булеварот „ Александар Македонски“  ќе се реконструира во должина од 5.300 метри и претставува најдолга делница на која Град Скопје работи во моментов. Градските власти информираа дека реконструкцијата се реализира фазно, а на терен истовремено се работат три од вкупно четири фази на реконструкцијата.

Градот Скопје почнува со голема реконструкција на булеварот Александар Македонски, односно источниот влез во нашиот град. Во текот на минатата година го завршивме западниот дел, сега ќе го средиме источниот дел, и тоа од крстосницата кај Хиподром до поранешен саем во Автокоманда. Ова е потег поголем од 5 километри, ќе работиме деноноќно и ги замолувам граѓаните да имаат трпение во однос на сообраќајните гужви бидејќи во тек е голема градежна офанзива за изградба и реконструкција на градските улици и ќе го пречекаме зимото со целосно обновена инфраструктура во изминативе 2 години. Куриозитет овде е што првпат Град Скопје ќе изврши експроријација на земјиште за да изградиме велосипедска патека што ќе го подобри урбаното живеење и, конечно, ќе има велосипедско поврзување на граѓаните од Синѓелиќ и Маџари со остатокот од градот. На овој потег не е работено 40-ина години“ – изјави градоначалникот Петре Шилегов.

Трите фази од реконструкцијата истовремено ги реализираат три различни градежни компании, а како што иформираа од Град Скопје, вкупната вредност на трите договори изнесува околу 202 милиони денари со вклучен ДДВ. Реконструкцијата ќе се искористи и за поставување или замена на подземните инфраструктурни инсталации.

Информација и фотографии за почетокот на реконструкцијата на булеварот „ Александар Македонски“ се објавени на  веб-страницата на Град Скопје и во повеќе медиуми.

 

ИЗВОРИ:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција