Симпсонови не предвиделе „кемтрејлс“

Фото: Принтскрин видео

Видеото прикажано во објавата е изменето, во него се споени неповрзани клипови од „Симпсонови“ и „Американски татко“, за да изгледа како Симпсонови да предвидуваат кемтрејлс. Во епизодата на „Симпсонови“ прикажана во видеото не се спомнуваат кемтрејлс, пишуваат проверувачите на факти на Ју-ес-еј тудеј. Во анимираните сцени од шоуто „Американски татко“ се појавуа машина за кемтрејлс, авион и турбина на ветер. Но во епизодата, всушност на хумористичен начин се критикуваат тврдењата во врска со хемикалиите и контролата на времето. Со други зборови, снимката е монтирана и погрешно протолкувана. Ниту Симпсонови, ниту Американскиот татко не предвидуваа кемтрејлс

Видеото прикажано во објавата е изменето, во него се споени неповрзани клипови од „Симпсонови“ и „Американски татко“, за да изгледа како Симпсонови да предвидуваат кемтрејлс. Во епизодата на „Симпсонови“ прикажана во видеото не се спомнуваат кемтрејлс, пишуваат проверувачите на факти на Ју-ес-еј тудеј. Во анимираните сцени од шоуто „Американски татко“ се појавува машина за кемтрејлс, авион и турбина на ветер. Но, во епизодата, всушност на хумористичен начин се критикуваат тврдењата во врска со хемикалиите и контролата на времето. Со други зборови, снимката е монтирана и погрешно протолкувана. Ниту Симпсонови, ниту Американскиот татко не предвидуваа кемтрејлс

 

 

Анализираме објава на Фејсбук во која се вели дека Симпсонови ги предвиделе т.н. кемтрејлс. Станува збор за позната теорија на заговор за која Вистиномер има пишувано во повеќе наврати.

Следете ги Симпсонови и се ќе знаете што не очекува,Точно нема иднина за нашите деца и внуци!!!!, стои во објавата.

Споделено е и видео кое на почетокот ги прикажува ликовите од анимираниот ситком „Симпсонови“ како гледаат во нисколетачки авиони кои летаат над нивната куќа, потоа се гледа анимиран лик кој одговара на телефонот во „одделот за временска контрола на ЦИА“ и како вклучува машина означена со „кемтрејлс“. Понатаму е прикажан авион кој ослободува густ сив облак зад него и турбините на ветер се навалуваат кон небото.

Видеото е изменето. Во него се споени неповрзани клипови од „Симпсонови“ и „Американски татко“ за да изгледа како Симпсонови да предвидуваат кемтрејлс. Во епизодата на „Симпсонови“ прикажана во видеото не се спомнуваат кемтрејлс, пишуваат проверувачите на факти на Ју-ес-еј тудеј.

 

Симпсонови не прикажувале кемтрејлс, видеото е изменето

Првиот дел од видеото споделено во објавата прикажува дел од епизодата од 14-та сезона на „Симпсонови“ наречена „Господин Шпрајц оди во Вашингтон“ (“Mr. Spritz Goes to Washington.”) Во резимето на епизодата на IMDb се вели:

Семејството го тера Красти да се кандидира за Конгресот затоа што воздушниот сообраќај е пренасочен да лета опасно блиску до нивната куќа.

Но, во епизодата, која во целост може да се погледне на сервисот за стриминг Disney+, не се спомнуваат кемтрејлс, пишува Ју-ес-еј тудеј.

Останатите анимирани сцени во видеото доаѓаат од друго анимирано шоу, „Американски татко“. Во 11-та сезона од серијата, во епизодата насловена “Anchorfran,” главниот лик Стен бара услуга од ЦИА, односно ги повикува ЦИА да создадат голема бура. Во епизодата се појавуваат сцени од машината за кемтрејлс, авион и турбина на ветер.

Кога се гледа епизодата, се забележува дека на хумористичен начин се критикуваат тврдењата во врска со хемикалиите и контролата на времето.

Со други зборови, снимката е монтирана и погрешно протолкувана. Ниту Симпсонови, ниту Американскиот татко не предвидуваа кемтрејлс

На Симпсонови често погрешно им се припишуваат предвидувањата на историските настани. Креаторите на шоуто јавно демантираа дека тоа е предвесник на нештата што доаѓаат.

Општо би рекол кога луѓето велат дека „Симпсонови“ предвиделе нешто, едноставно сатиризиравме настани од реалниот живот од претходните години, и бидејќи историјата постојано се повторува, едноставно изгледа како да ги предвидуваме работите, изјави во интервју за Ројтерс бившиот водител на шоуто Бил Оукли во 2020 година.

Фотографија на Меркел злоупотребена за „кемтрејлс“ дезинформации

Во видеото кое го споделува објавата има и кадри од поранешната германска канцеларка Ангела Меркел во кои е прикажана како таа да потврдила дека постојат кемтрејлс.

Дека тоа не е точно Вистиномер пишуваше уште во 2021 година, кога оваа фотографија со Меркел беше актуелна на социјалните мрежи.

Тогаш Вистиномер утврди дека фотографијата на Меркел, прикажана во видеото, е направена седум години пред почетокот на пандемијата со коронавирусот. Снимката е од мај 2014 година на Меѓународната изложба за авијација во Берлин, a канцеларката е снимена при посетата на новиот модел на Ербас, А350. Оригиналната фотографија може да се најде на веб-страницата на „Ербас“, а слична фотографија од истиот настан е објавена на веб-страницата на германската Влада.

Специјализираната веб-страница „Aero.de“ во напис кој се однесува на прототипот „Ербас А350“ којшто го посети Меркел, објаснува дека бурињата (прикажани на фотографиите на Фејсбук) се резервоари за баласт кои се користат во текот на пробните летови.

Инаку, ваквите „кемтрејлс“ дезинформации досега се  разоткриени од повеќе сервиси за проверка на факти, меѓу кои, чешкиот сервис за проверка на факти, Manipulatori.cz.српскиот сервис Istinomer.rs , како и во рецензии  на „Вистиномер“. Со разоткривањето на оваа заговорничка теза речиси една деценија се занимава британскиот истрaжувач Мик Вест (metabunk.org), кој уште во јули 2012 година дебанкирал постови на Фејсбук кои шират фотографии кои, наводно, покажуваат внатрешност на „кемтрејл авиони“.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека Симпсонови не предвиделее никакви кемтрејлс. Станува збор за едитирано видео. Поради тоа, објавата која ја анализираме ја оценуваме како неточна.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција