Стара фотографија од Бугарија споделувана како актуелна од Македонија

Фото: Принтскрин ФБ пост

Вистиномер ја пребара фотографијата на Гугл и најдовме дека таа била објавувана во октомври 2019 година и тоа на бугарски фејсбук страници, а пораката испишана на натписот кој го држи детето е на бугарски јазик и со порака: „Оставете нешто од Бугарија и на нас“

Вистиномер ја пребара фотографијата на Гугл и најдовме дека таа била објавувана во октомври 2019 година и тоа на бугарски фејсбук страници, а пораката испишана на натписот кој го држи детето е на бугарски јазик и со порака: „Оставете нешто од Бугарија и на нас“

 

 

Објава на социјалната мрежа Трeдс споделува фотографија со политичка порака на која е прикажано малолетно лице.

Детево има важна порака за сите Македонци кои се мешаат во политика, стои во објавата.

Објавата содржи и линк до напис кој ја содржи само фотографијата без никакви дополнителни објаснувања. На фотографијата детето држи транспарент на кој е испишано: „Оставете нешто од Македонија и на нас!!!“.

Во објавата нема никакво објаснување за фотографијата, кога и каде е направена, по кој повод е направена и испратена пораката испишана на транспарентот кој го држи детето.

Очигледно е дека со објавата се сака политички да се поентира и да се игра со емоциите на следбениците на социјалните мрежи, но сепак, читателите треба да бидат информирани за позадината која стои зад фотографијата.

Вистиномер ја пребара фотографијата на Гугл со цел да најдеме одговор на погоре поставените прашања и најдовме дека таа била објавувана во октомври 2019 година и тоа на бугарски фејсбук страници, а пораката испишана на натписот кој го држи детето е на бугарски јазик и со порака за Бугарија: „Оставете нешто од Бугарија и на нас“.

Фотографијата може да се најде и на друга бугарска Фејсбук страница, објавена во јули 2020 година.

Фотографијата со истото дете, ама со порака за Македонија се споделувала на македонски фејсбук страници во 2020 година.

И бугарските фејсбук страници не нудат одговор на прашањата кога и каде е направена фотографијата со детето. Но, очигледно е дека таа не е од Македонија, како што тоа сака да го прикаже објавата што ја анализираме.

Поради сето погоре, објавата ја оценуваме како неточна.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција