„Тарифа“ – Сомневања за злоупотреби во ЕЛЕМ

ЕЛЕМ заглави кај ЕРП

Набавката на скап софтвер за потребите на ЕЛЕМ била сомнителна за СЈО, поради што е отворена истрага и за начинот на јавната набавка и за предвремената исплата за делови од софтверот кои сè уште не се доставени

 

Набавката на скап софтвер за потребите на ЕЛЕМ била сомнителна за СЈО, поради што е отворена истрага и за начинот на јавната набавка и за предвремената исплата за делови од софтверот кои сè уште не се доставени

 

24.01.2017 – Истрагата со кодно име „Тарифа“ се однесува за сомневања за злоупотреби при една јавна набавка во државното претпријатие за производство на електрична енергија ЕЛЕМ, при што била нанесена штета од безмалку половина милиони евра.

Осомничени се седум лица кои учестувале во склучувањето договор за имплементација на софтверско решение во вредност од нешто над 4 милиони евра. Според деталите од презентираното, покрај незаконитости околу самата јавна набавка, постоеле незаконитости и околу одржувањето на софтверот, а и предвремено плаќање. Софтверот требало да биде инсталиран до почетокот на 2013 г., а во моментот на објавувањето за истрагата постоеја индиции дека тој сè уште не е дозавршен.

Од СЈО посочуваат дека за лицата опфатени со истражната постапка „Тарифа“  постои основано сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 5 од КЗ.

Во конкретниот случај постои основано сомнение дека е извршена злоупотреба на службената положба и овластување на службени и одговорни лица во постапка по јавна набавка на софвер – ЕРП Систем за потребите на АД ЕЛЕМ, при што осомничените лица со неизвршување на службената должност овозможиле правното лице – конзорциум, кое подоцна го добило тендерот, да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, иако немало доставено комплетна документација. Вредноста на склучениот Договор за јавна набавка е 4.092.420 евра.

Детали за истрагата „Тарифа“ можете да прочитате тука

Дел од реакциите во медиумите можете да ги  видите тука

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција