Учеството во работната сила и платите на жените во Македонија
Каква е улогата на жените во работната сила во Македонија? Како се платени и во однос на просечните плати и во однос на мажите? Овие графикони ги нудат тие и редица други информации. И не само тоа. Овде можете да проверите и какви се Вашите ставови во однос на вистинските, кога станува збор за оваа проблематика. И да видите дали онаа претстава која досега сте ја имале за местото и учеството на жените во работнта сила во земјава била блиску до реалната или можеби сте имале многу полоша или порозова слика во однос на реалната состојба.
Одговарајте на прашањата по ред преку поместување на слајдерот налево или надесно во зависност од тоа какво е Вашето мислење. Потоа кликнете на копчето „Одговори“ и ќе го добиете точниот одговор, кој потекнува од податоците на Државниот завод за статистика добиен преку Анкетата на работната сила која државната статистика ја врши редовно. Потоа ќе ви се отвори следното прашање и ќе можете да одговорите и на него и така до крај.
Објавените визуелизации се дел од проектот D.A.T.A. – Data Analytics for Transparency and Accountability имплементиран од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“.
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/авторите, и не ги одразуваат оние на Владaта на САД.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар