Видеото кое прикажува бебе паун е креирано со вештачка интелигенција

Фото: скриншот од дел од објавата

Видеото содржи шест кратки клипови од наводното „бебе паун“ и има суптилни разлики во секој од нив, како што се бројот на прикажани прсти на нозете, бојата и обликот на делови од неговите пердуви, постоењето или не на пердуви на главата. Во некои од кратките клипови, паунот има различен број прсти на секоја нога

Видеото содржи шест кратки клипови од наводното „бебе паун“ и има суптилни разлики во секој од нив, како што се бројот на прикажани прсти на нозете, бојата и обликот на делови од неговите пердуви, постоењето или не на пердуви на главата. Во некои од кратките клипови, паунот има различен број прсти на секоја нога

 

Анализираме објава на Фејсбук која споделува видео за кое се тврди дека прикажува бебе паун.

Знаете ли како изгледаат малите пауни !? – пишува во објавата.

Нашата проверка покажа дека  снимката е лажна. Истото видео е објавено на социјалната мрежа Икс во најмалку два други наврати во септември 2024 година, каде што корисниците нотирале дека е генерирано со помош на вештачка интелигенција.

Видеото содржи шест кратки клипови од наводното „бебе паун“ и има суптилни разлики во секој од нив, како што се бројот на прикажани прсти на нозете, бојата и обликот на делови од неговите пердуви, постоењето или не на пердуви на главата. Во некои од кратките клипови, паунот има различен број прсти на секоја нога. Сето ова докажа дека видеото е лажно, пишува Сноупс во својата проверка на фактите.

Hive Moderation, веб-страница која открива содржини генерирани со вештачка интелигенција, заклучи дека има 98,5% шанси снимката да содржи „содржина генерирана од вештачка интелигенција или длабока лажна содржина“.

Слично видео, кое собра 4,4 милиони прегледи на Икс, покажува темно-сина и црна верзија на „бебето паун“. Но во објавата на Икс се забележува дека овој клип е создаден со вештачка интелигенција.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата која ја анализираме е невистинита.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција